На парламентарните избори во Италија ниедна партија не освои доволен број гласови за да формира влада.
Централно левичарската коалиција на Луиџи Берсани освои повеќе места во Долниот дом на Парламентот, но не и доволно за да формира влада. Берсани изјави дека сега Италија е во многу деликатна ситуација.
Конзервативците, предводени од Силвио Берлускони, во Горниот дом на Парламентот, Сенатот, освоија 110 места, додека левицата 97.
Берлускони денеска изрази готовност за преговори за состав на идната влада. Тој смета дека сите партии треба нешто да жртвуваат и оти Италија не смее да остане без влада.