НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за култура: Почна процесот на исплата на платите со покачување од 10 отсто, во март ќе има ново усогласување на минималната плата

0
By Ана Василевска on October 12, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за култура информира дека е почнат процесот на исплата на платите во културата со покачување од 10 проценти, постапувајќи по Општиот колективен договор во јавниот сектор и по Заклучокот на Владата од 26 септември, со кој се задолжуваат државните органи да ја зголемат основната бруто-плата за 10 проценти.

-Владата обезбеди Oпшт колективен договор со кој сите добиваат повисоки плати за 10 проценти, и праведно е и во ресорот култура вработените да ги добијат еднакво правата кои се овозможуваат со Општиот колективен договор, што Министерството за култура го спроведува, се вели во соопштението на Министерството.

Оттаму посочуваат дека по преговорите со синдикатите, СКРМ и СОНК, за наоѓање најсоодветно правно решение за почитување на Заклучокот и за спроведување на Општиот колективен договор, платите почнаа да се исплатуваат по претходно добиените акти и пресметки од страна на директорите на установите.

-Ги уверуваме синдикатите и вработените во културата дека не постои причина за недоверба за, како што велат тие, „злоупотреба на Заклучокот на Влада за доследна примена на Општиот колективен договор, пробувајќи преку наводно постапување по истиот да ја ограничи основната бруто плата на вработените во културата и да не дозволи раст предвиден со Колективните договори“. Синдикатите кои ги претставуваат вработените во областа на културата не го прифатија Предлогот кон Анексот на колективен договор за култура за регулирање на начинот на исплата на плата, додаваат во соопштението.

Како што потенцираат од Министерството, во целиот процес беа одржани неколку состаноци, вклучувајќи го и последниот на кој присуствуваа и претставници од Министерството за финансии и од Државниот инспекторат за труд, при што синдикатите беа известени дека поединечните решенија се единствениот законски начин за исплата на плата.

Од Министерството за култура потенцираат дека воопшто не се работи за носење едностран акт за права од работен однос туку исклучиво за постапување во согласност со закон и носење решение за плата како поединечен акт од индивидуално правен карактер на работникот.

Како што велат, временското ограничување до февруари 2024 година е поради фактот што во март 2024 година ќе има ново усогласување на постојната минимална плата и ќе се применува колективниот договор што е поповолен за вработените во јавниот сектор, при што по овој период вработените лица ќе добијат нови решенија за исплата на плата.

Потенцираат дека нема никаква заднина во спроведувањето на Заклучокот на Владата за покачување на основната плата во јавниот сектор за 10 проценти што важи за целата држава. Имено, како што појаснуваат во соопштение, начинот на утврдување на основната бруто-плата е дефиниран во Колективниот договор за култура, а со поединечните решенија за плата само се констатира износот, се разбира зголемен за 10 отсто во согласност со член 14 од Општиот колективен договор.

-Исто така, како што укажавме во повеќе наврати, Министерството за култура останува доследно и транспарентно во целиот процес со целосно почитување и применување на законската регулатива која се однесува на работните односи. Демократскиот дијалог со синдикатите продолжува и Министерството за култура останува отворено за натамошна соработка и надминување на сите отворени прашања, се вели во соопштението на Министерството.

министерство за култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.