Џихадист на Исламската држава во кафетерија во Сиднеј држи во заложништво околу 50 лица. Поради заложничката драма блокиран е поголем дел од градот во кој се наоѓаат државните институции.
Официјалниот број на заложници во моментов не е познат, но се движи од 10 до 50 лица.
Терористот тврди дека поставил четири експлозивни направи, две во кафетеријата и уште две во околината каде што се наоѓа локалот, инфомрација која ја споделиле двајца заложници кои успеале да избегаат.
„Може да се видат нивните лица. Изгледаат престрашено и напнато“, соопштува „Дејли Мејл“.
Специјалните единици извршиле евакуација на централниот плоштад во Сиднеј, а огромен број полициски службеници го опколиле локалот „Lint“ во кој престрашените заложници застанати крај прозорите држат црни знамиња со бели арапски букви, пренесуваат светските агенции.
Премиерот на Австралија, Тони Абот, повика состанок со службата за одбрана на националната безбедност.
„Се уште не го знаеме мотивот на напаѓачот, не знаеме дали мотивациите се политички иако има назнаки за тоа“, истакнал Абот.




