Лондонски Челзи против францускиот ПСЖ, а Барселона против милионскиот гигант Манчестер Сити, ова се најинтересните двојки од ждрепката за осминафиналето на Лигата на Шампионите.
Најтрофејниот клуб во историјата на натпреварувањето Реал Мадрид, својот пат до одбраната на титулата и место во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин на 6.јуни, го започнува со германски Шалке 04.
Еден од најголемите фаворити, Баерн Минхен ќе игра во Доњецк со Шахтјор, а италијанскиот шамион Јувентус ќе игра со Борусија Дортмунд.
Ова се паровите за осминафиналето во Лигата на шамионите:
ПСЖ – Челси
Манчестер Сити – Барселона
Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид
Јувентус – Борусија Дортмунд
Шалке 04 – Реал Мадрид
Шахтјор – Баерн Минхен
Арсенал – Монако
Базел – Порто.
Првите осминафинални средби на програмата се 17, 18, 24. и 25. февруари, а повратните натпревари се на 10, 11, 17, и 18 март.




