Властите во Хонгконг прогласија крај на повеќенеделните протести во кои демонстрантите бараа измени во изборните правила.
Полицијата денеска ја отстрани и последната барикада, односно последниот шатор од големиот камп кој беше поставен на сред улиците изминативе два месеца по што беше блокиран сообраќајот.
Според властите, демонстрантите „придонеле“ за големи загуби во локалната економија и го загрозиле владеењето на правото.
Сепак покрај повиците на полицијата и последните демонстранти да го напуштат местото, пораката која ја добија од нив е „Ние ќе се вратиме“.
Минатиот четврток, 249 луѓе беа уапсени бидејќи не ги послушаа повиците на полицијата да ги напуштат улиците. Подоцна беа пуштени од притвор.
Од друга страна, лидерите на протестите најавија нови начини на граѓанска непослушност како би извршиле притисок врз владата на Хонгконг да воведат демократски правила при избор на лидер на Хонгконг на изборите во 2017 година.




