Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ерван Фуере за Студентскиот марш: Крик за почит

0
By Нова ТВ on December 15, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 15, 2014 16:29

Пишува: Ерван Фуере, поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија

На 10 декември, 2014 година илјадници студенти се спротиставија на Владата предводена од премиерот Никола Груевски и излегоа на улиците на Скопје, македонскиот главен град.

И покрај малтретирањата, заплашувањата и кампањата предводена од Владата која ги поддржува медиумите да ги дискредитираат учениците и студентите, тие маршираа до зградата на Владата и побараа таа да го повлече својот план да се воведе наметната состојба – испит пред дипломирање.

За одреден временски период за време на демонстрациите, пристапот до интернет беше блокиран, со што се спречи студентите да ги користат социјалните мрежи. Овој суров обид за заплашување се методи кои може да ги видите во Белорусија или Русија, но не во земја-кандидатка за ЕУ.

Премиерот, исто така се приклучи на напорите за дискредитација на студентите, сугерирајќи дека протестите биле поттикнати од опозициската СДСМ и „Сорос“. Последново е дефиниција која се користи во владејачката партија (ВМРО-ДПМНЕ) како лексикон за означување на „непријатели на државата“ и „непријатните левичари“.

Тој продолжи да се брани од владиниот план, притоа нагласувајќи дека тоа е потребно со цел да се подобри квалитетот на образованието. Сепак, самата Влада која ги намали стандардите преку воспоставување на псевдо факултети во повеќе градови низ земјата со цел наводно да се донесе образованието поблиску до граѓаните. Како и да е мотивацијата беше јасно политичка, бидејќи немало соодветно планирање или консултација со утврдените универзитетски систем.

Храброста која ја покажаа студентите изминатава недела за време на протестите, прикажуваат јасно отфрлање на владините политики и авторитарните методи кои се употребуваат како би се имплементирала партиската политика.

Ова не е прв случај Владата да се обиде да се вмеша во образованието, особено на ниво на универизтетите. Владата искористила повеќе ситуации за да ја потцени автономијата на универзитетите, од дисперзирања на факултети до вмешаност во назначување професори и други работници, како и обидите да се внесат „семејните вредности“ во Наставната програма на универзитетите.

Сето ова е дел од кампањата на владејачката партија да ја наметне својата општествено конзервативна агенда не само на образовниот систем туку и во општеството како целина.

Владејачката партија не толерира критика на нејзините политики и избегнува било какви напори за консултации пред да ги воведе законските предлози, особено во деловите на општеството кои се најмногу загрижени од нив.

Спротивно на тоа, отворено поттикнува агресија и заплашување кон оние кои „се дрзнале“ отворено да зборуваат. Ова може да се види во следниот пример: кога студентите на архитектура во 2009 година протестираа против изградбата на црква на главниот плоштад во Скопје, Владата мобилизираше толпа за контра-протести, истата толпа која го нападна седиштето на општина Центар, единствената општина во Скопје каде што градоначалникот е од редовите на опозицијата, и истата толпа која во неколку наврати го оштети седиштето на ЛГБТИ заедницата.

Во сите овие случаи, Владата одговори со апсење на неколку студенти, а ништо не презема во однос на Центар и нападот врз ЛГБТИ заедницата и покрај тоа што насилницте лесно можеа да се идентификуваат.

Овој селективен пристап и двојни стандарди во спрoведувањето на правото го зголеми стравот и агресијата во општеството. Ваквата клима е охрабрена и од поддршката на владините медиумски пропагатори на говор на омраза и хомофобија во шоуа во кои редовни гости се Премиерот или Претседателот.

Овие податоци покажуваат зошто сега треба да се поддржат студентите во нивниот храбар поход. Пораките кои тие ги истакнаа пред владините објекти се прикладни за да се слушнат нивните барања и правото да бидат слушнати.

Иронично, пред нив стоеја владините згради во превез, кои се во процес на преуредување како резултат на контроверзниот Скопје 2014 промовиран од страна на Владата.

Слика која го покажува ставот на Владата кога се работи за дијалог.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.