Published: Tuesday, December 16, 2014 10:35
Меѓународната коалиција предводена од САД на крај ќе ја уништи Исламската држава, порача американскиот претседател Барак Обама при вчерашната посета на воената база Форт Дикс во Њу Џерси.
„Тие (ИД) мислат дека можат да реализираат некои брзи победи, но нашиот досег е голем. Ние не се откажуваме“, рече Обама кој додаде дека се џихадистите на Исламската држава ќе заврши како и сите ситни тирани и терористи.
Според него, Америка е на пат да ја заврши борбената мисија во Авганистан до крајот на годината, оставајќи ги таму само силите за обука на авганистанските безбедносни сили и за спроведување на антитерористички операции.




