НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните да се едуцираат како да ги користат дигиталните алатки, но и како да си ја заштитат приватноста

0
By Ана Василевска on October 19, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата, граѓанскиот сектор и образовните институции треба да ги едуцираат граѓаните, особено младите како да ги користат дигиталните алатки и вештачката интелегенција, но истовремено и како да си ги заштитат личните податоци и приватноста. Ова е еден од клучните заклучоци на денешната конференција за „Заштита на приватноста во дигитална ера: во потрага по заеднички решенија” што се одржува во организација на Фондацијата Метаморфозис и Конект, со поддршка на ЕУ.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу истакна дека граѓаните треба да работат на свој дигитален профил кој станува многу битен, понекогаш и најбитен за да се добие некоја услуга дури и во државните институции или работа. Тој верува дека за 10 години дигиталниот профил ќе биде потребен за секој граѓанин и дека тоа е една од причините да се работи на едукација на младите.  На тоа треба да работат заедно Владата односно министерствата и јавните институции и граѓанското општество.

Главен процес во МИОА, вели Алиу, се дигиталните процеси. Инфомира дека во истражувањата за тоа зошто граѓаните малку користат дигитални услуги во државните институции увиделе дека тие не веруваат во сигурноста на дигиталната инфраструктура, дека можеби треба да се информираат повеќе за тоа и да едуцираат. Алиу побара граѓанските организации да работат на информирање на младите дека дигиталните услуги се брзи и безбедни само ако знаеме како да го користиме.

Министерот рече дека веќе е направен драфт на закон за заштита на информациски системи  со кој се предвидува формирање агенција за дигитална трансформација која ќе има четири столба – за дигитална инфраструктура, за иновативни и системски решенија во дигиталниот свет, за сајбер безбедност и, според Алиу најбитното обуките.

Мариа Канелополу, прв советник во делегацијата на ЕУ во Скопје, ја потенцираше важноста да се работи на заштита на личните податоци и приватноста, нешто за што ЕУ многу се залага.

Генералната секретарка во Агенцијата за заштита на лични податоци Леонора Кадрији истакна дека е неопходно да се обезбеди сигурност за целиот систем. Тоа е предизвик , како и ефикасните начини за заштита на личните податоци. Укажува на потребата од почитување на законот, но и на градење на култура за заштита на личните податоци. Важно е, вели таа, дека постои интерес и посветеност од сите страни. АЗЛП, додава, работи на подигнување на нивото на свеста за заштита на личните податоци  и запознавање на граѓаните за своите права.

Кадрији исто така истакна дека во тек е изработка на нова стратегија за заштита на лични податоци со експерти од Таиекс.

Конференцијата има две сесии посветени на офицерите за заштита на личните податоци и на меѓу-секторската соработка во насока на штитење на човековите права со фокус на приватноста и на другите дигитални права.

Дигитални алатки заштита на податоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.