Published: Wednesday, December 17, 2014 13:48
Тринаесет луѓе загинаа во денешниот инцидент во банка во Авганистан кога вооружени Талибанци детонираа две бомби и се пресметуваа со безбедносните сили.
Загинати се шест напаѓачи, четворица припадници на обезбедувањето и тројца цивили.
Ова се последните денови на НАТО мисијата во Авганистан и луѓето се загрижени дека по нивното заминување ќе се влоши ситуацијата.
На 31.декември, мисијата на НАТО предводена од САД, ќе заврши а со тоа и 13-годишната борба со Талибанците.




