Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гласавме воздржано за Резолуцијата за примирје во Газа, зашто во неа не беше споменат терористичкиот акт на Хамас од 7 октомври, посочи Ковачевски

0
By Ана Василевска on October 30, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 30, 2023 15:07

Амбасадорот Љубомир Фрчковски, како што рече премиерот, бил известен за овој став на Владата преку Министерството за надворешни работи

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска ја потврди одлуката на Северна Македонија која гласаше воздржано за Резолуцијата за итно хуманитарно примирје во Појасот Газа, донесена во петокот на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Одлучивме да гласаме воздржано за Резолуцијата со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа поради отсуството на спомнувањето на она што Хамас го направи на 7 октомври. Тоа не ни остави простор за поинаков пристап во однос на гласањето. Тоа беше став на Владата, а за тоа беше известен и амбасадорот Љубомир Фрчкоски преку Министерството за надворешни работи“,

одговори Ковачевски на новинарско прашање, поставено после заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која денеска е во посета на нашата земја.

Посочи дека одлуката за гласање не била лесна.

Северна Македонија, според премиерот, го поддржува хуманитарниот аспект на Јорданската резолуција, почитувањето на меѓународното хуманитарно право, неопходноста на заштита на цивилите и нивен пристап на основните животни потреби, вода, струја и лекови.

Од друга страна, голема слабост на резолуција е неспомнувањето на терористичкиот акт на Хамас од 7 октомври, кој ние веднаш најостро го осудивме, како и правото на Израел да се брани. Затоа и гласавме за канадскиот амандман на резолуцијата,

истакна Ковачевски.

Во секој случај, вели Ковачевски, треба да продолжат активностите на меѓународната заедница во, како што посочува тој, обезбедување на долгорочен мир и стабилност на Блискиот Исток.

„Погледнете ги гласањата на финалната резолуција и на канадскиот амандман кој беше поднесен со цел Резолуцијата да биде комплетна, но не беше прифатен пред финалното гласање на резолуцијата и затоа голем број држави постапија како што постапи и нашата држава. Амбасадорот Фрчкоски нормално дека ставот го добил од Министерството за надворешни работи, кое е дел од македонската влада и се работи за наш став, кој сега јасно го кажувам“,

посочи тој.

Резолуцијата на ОН со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа доби 120 гласа „за“, 14 „против“ и 45 „воздржани“.

Од нашиот регион, Словенија, БиХ и Црна Гора гласаа за резолуцијата, Хрватска беше против, додека Србија, Албанија, Македонија, Бугарија и Грција биле воздржани.

Од земјите членки на Европската Унија, воздржано гласале и Германија, Италија, Холандија…

Против оваа резолуција од Европа гласаа Австрија, Чешка, Хрватска и Унгарија.

Извор: 360 степени

Димитар Ковачевски Резолуцијата за примирје во Газа Хамас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.