Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четворица македонски државјани ќе заминат од Газа преку преминот Рафа

0
By Blerina Tahiri on November 2, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 2, 2023 11:00

Пограничните власти на Газа објавија листа со 596 странски државјани и лица со двојно државјанство од 15 земји на кои им е дозволено денеска да ја напуштат Газа, меѓу нив и на четворица македонски државјани.

На повеќе од 500 лица им беше дозволено да заминат вчера, кога прв пат после неколку недели беше отворен преминот.

Палестинските власти ја објавија новата листа со имиња пред 2 часот утрово по локално време, со укажување дека лицата треба да бидат на граничниот премин во 7 часот утрината.

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија вчера ја поздрави одлуката за отворање на граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република Северна Македонија.

-Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција. Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучено, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, соопшти МНР.

Лицата кои се наоѓаат на листата на странци и со двојно државјанство, објавена од пограничните власти на Газа, покрај четворицата македонски државајани се и од Азербејџан (8), Белгија (50), Бахреин(6), Чад (2), Хрватска (23), Грција (24), Унгарија (20), Италија/ОН (4), Мексико (2), Холандија (20), Јужна Кореа (5), Шри Ланка (17), Швајцарија (11) и од САД (400). 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.