НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дезинформациите и манипулациите во македонските медиуми не стивнуваат, на мета безбедноста на граѓаните

0
By Ана Василевска on November 13, 2023 ВЕСТИ, Медиуми, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една од главните забелешка во Извештајот на Европската комисија за напредок на Северна Македонија во 2023 година се однесува на заканите од дезинформаци, хибридните напади и странско влијание во македонскиот медиумски простор. Комисијата констатира дека сегашните мерки за борба против дезинформации не се многу ефикасни. и треба да се подобри разбирањето на јавноста за ризиците од дезинформации, како и вештините за медиумска писменост во општеството.

Понатаму, во Извештајот се нотира „пораст на закани од дезинформации“, особено во делот на онлајн медиумите, и забележува отсуство на конкретен закон за регулација на онлајн медиумите и дека има промена на пазарот за дигитално за рекламирање, со растечки закани од дезинформации, прекршување на интелектуалните права и недостаток на транспарентност во однос на платеното политичко рекламирање. Одредени онлајн медиуми се предмет на влијание од политички фигури…

Меѓу останатите препораки, од Европската комисија препорачуваат дека во наредната година треба да се вложат дополнителни напори за затворање на просторот за странско мешање и манипулација со информации, вклучително и дезинформации, и да преземе активности за градење општествена отпорност против тие и други форми на хибридни закани.

Мониторинг тимот на Цивил, кои константно ги следи и постојано води борба со дезинформациите, странските влијанија и пропагандата во македонскиот медиумски простор, изминатиот период успеа да препознае и разобличи голем број на лажни објави, пропагандни наративи, манипулативни содржини, дезинформации кои во континуитет се пласираа на македонските медиуми и на социјалните мрежи.

Така и со вчерашното последно пласирање на манипулативната содржина и која во себе содржеше и дезинформација, стара вест за претепување на рaботник на Техномаркет беше сензационалистички, поткрепена со видео од настанот, објавена на повеќе македонски медиуми како нова.

Иако нападот се случил пред повеќе од месец и половина, петнаесетина медиуми, меѓу кои и интернет изданијата на неколку македонски телевизии со национална концесија, но и неколку етаблирани интернет портали, ја пренесоа веста со видеото од тепачката, преземена од објава на „Курир“ со наслов „Напаѓачи од скопски Сарај претепуваат вработен на Техномаркет среде Скопје“, со тврдење дека станува збор за денешен настан.

Министерството за внатрешни работи набрзо излезе со соопштение до јавноста дека станува збор за настан од месец септември, кој е целосно расчистен и насилниците се приведени, и апелираа да не се шират лажни вести кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните.

Соопштението го пренесоа и медиумите кои предходно ја пренесоа дезинформацијата, но без да признаат вина, тука како истото да им се случило на некои други портали, а не на нив самите, па во текстот кои го пренесуваат само како техничко соопштение стои:

 „Во врска со видео материјалот кој е објавен вечерва на неколку портали, со тврдење дека станува збор за денешен настан, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека станува збор за настан од месец септември, кој е целосно расчистен и насилниците се приведени.“

Ова секако не е прв пат вакви дезинформации да се шират оркестрирано.

Предходно, на почетокот на ноември, како што забележа мониторинг тимот на Цивил, неколку македонски портали, со „ексклузивни“, „експлозивни“ наслови, како „Гевгеличанец со пиштол се обидел да убие извршител и адвокат“, „Обид за убиство на адвокат и извршител ја потресе Македонија!“, „ИМ ВПЕРИЛ ПИШТОЛ: Гевгеличанец се обидел да убие адвокат и извршител со кои се сретнал за да договори како да го исплати долгот“, стара вест од пред 3 години пренесоа како нова. Дури цитираа и соопштение од Обвинителство дека тој се борел со адвокатот, а откако му ветил дека нема да го пријави, побегнал.

На 1 април годинава, наместо првоаприлска шега, повторно во истиот манир, оркестрирано, како по договор, на дел од македонските портали (како и сеприсутните телевизии со национална концесија, познати по својата „професионалност“ и „непристрасност“) се прошири веста за маскирани и вооружени напаѓачи кои обрабуваат филијала на банка во ТЦ Скопјанка во Аеродром. Се испостави дека веста е лажна, а е базирана на информација од цитател кој сликал полициско возило, паркирано пред филијалата на банката, но не поради грабеж во истата, тука полицајците застанале да си купат јадење од блиската пекара.

Се разбира, немаше ни извинување, ниту од телевизиите со национална концесија, ниту од електронските медиумите кои, сите по ред, по принцип на сврзани садови ја дезинформираа целокупната јавност. И секако, изостана реакцијата од надлежните институции и здруженија, како ЗНМ, ССНМ, МАН, СЕММ.

Со последователноста на ваквите случувања, добивме уште еден доказ дека кај нас со дезинформациите и манипулациите управува еден центар, а дека медиумите (вклучително и оние со национална фреквенција) се обичен и слеп извршител на нарачките.

Како поинаку да се протолкува фактот дека никој од овие медиуми, во сите посочени случаи, не се сети на професионалните обврски како новинар (во служба на вистинитото и точно информирање), и не навреме не ја провери вистинитоста на веста. А тоа можеа да се сторат лесно, требаше само да завртат на мобилните телефони на некој од портпаролите на МВР кои секогаш им стојат на располагање, или едноставно, со обично пребарување на Google да видат дека веста е објавена предходно.

Затоа, и не зачудува тоа што на овие медиуми, од кои поголемиот дел се меѓу најгласните критизери на Извештајот на ЕК, делот кој се однесува на заканите од дезинформаци, хибридните напади и странско влијание во македонските медиуми помина незабележително.

Драган Мишев

Извор: Цивил Медиа

дезинформации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.