НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За стотици членови на италијанската мафија Ндрангета, обвинителството бара вкупна затворска казна од речиси 5.000 години

0
By Ана Василевска on November 14, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За стотици наводни членови и нивните соработници на најмоќната италијанска мафија, Ндрангета, по тригодишно судење неделава ќе биде донесена пресуда. Обвинителите побараа затворски казни во вкупно времетраење од речиси 5.000 години за 322 обвинети.

Судењето се одржува во Ламеција Терме под највисоки безбедносни мерки. Од јануари 2021 година сослушани се стотици сведоци меѓу кои и десетици мафијаши кои станаа државни сведоци

Со седиште во сиромашниот јужен регион Калабрија, Ндрангета е најбогатата и најмоќната криминална организација во Италија и има монопол на трговијата со кокаин во Европа. Ндрангета дејствува во повеќе од 40 земји.

Експертите проценуваат дека Ндрангета, која се состои од околу 150 калабриски семејства и нивни соработници, заработува повеќе од 50 милијарди евра годишно ширум светот, од трговија со дрога и лихварство до извлекување јавни средства и изнуда. Ндрангета нелегалните приходи ги реинвестирала во легалната економија.

Шефот на мафијата на провинцијата Вибо Валентиа, 69-годишниот Луиџи „Началникот“ Манкузо, минатата година беше отстранет од списокот на обвиненија за да му се суди посебно.

Манкузо веќе помина 19 години во затвор и беше повторно уапсен во голема полициска операција во декември 2019 година заедно со повеќе од 300 осомничени мафијаши.

Обвинителите бараа 30 години затвор за десетина најблиски соработници на Манкузо задолжени за избор на цели за изнуда и одржување на односи со други мафии.

Ндрангета е во инфилтрирана во легалната економија, а соработници биле јавни службеници, градоначалници, па дури и висок полициски функционер.

Најистакнат меѓу нив е 70-годишниот адвокат Џанкарло Пители, поранешен пратеник и сенатор од партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони. На Пители му се закануваат 17 години затвор бидејќи наводно бил посредник во светот на политиката, финансиите и нелегална масонска ложа.

„Ндрангета“ италијанска мафија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.