Бугарија планира да ги обезбеди сите неопходни дозволи за проектот „Јужен тек“ за да не биде обвинета за неуспех на проектот, најави во Брисел премиерот на земјата Бојко Борисов.
Тој ги убедил лидерите на ЕУ дека Бугарија треба да ги исполни сите свои обврски за меѓународни договори за да не биде обвинета државата за неуспех на проектот, а за се останато ќе се погрижат властите во Европската унија.
– На тој начин нашата држава сега ќе може да ги исполни своите обврски односно подготовката…и ќе издаде одобрување за градба, рече Борисов.
Тој додаде дека ако потоа Гаспором сепак донесе решение за прекин на проектот, Бугарија нема да биде виновна.
Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец соопшти дека со „Газпром“ се откажуваат од гасоводот поради „пречките“ од ЕУ.
Тој вчера рече дека ако Европа сепак сака гас од Русија, гасовод може да се изгради и преку Грција, Македонија и Србија до ЕУ.




