НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Нема да се откажеме од намерата и планот да направиме уставни измени во мандатот на овој состав на Собранието

0
By Ана Василевска on November 17, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема да се откажеме од намерата и планот да направиме уставни измени што поскоро во мандатот на овој состав на Собранието. Работиме и ќе работиме на тоа до последниот ден од овој мандат, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, посочувајќи дека земјата се наоѓа на крајот од првата фаза од преговорите и од нас зависи дали ќе продолжиме понатаму или не.

Оваа обврска е од преговарачката рамка, нагласи Маричиќ, и рече дека за жал, не би можеле да отстапиме.

– Овој парламентарен состав треба да се одважи и да ја заврши таа обврска, бидејќи ќе овозможи наредниот да биде посветен повеќе на реформите и на резултатите, изјави Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијапо завршување на Регионалниот министерски состанок во Владата.

Според Маричиќ, не би било добро оваа обврска да премине и во наредниот мандат како прва задача, но и дека е голема илузија е ако сметаме дека ќе исчезне ако само се игнорира.

–  Ова пред се, се однесува на опозицијата и оние пратеници кои што сметаат дека со игнорирање на оваа обврска, која што денеска можеби им се чини премногу голема, но со текот на време ќе сфатиме дека била многу едноставна и во рамки на она што веќе го имаме направено во нашиот систем за други шест-седум заедници. И дека цената за сами да се блокираме ќе ја платиме навистина скапо, изјави Маричиќ.

Се надевам, рече Маричиќ, дека нема да дозволиме да чекаме десетина години за да направиме нешто, што можеме сега да го направиме за да ги продолжиме преговорите.

– Сигурен сум дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, порано или подоцна ќе сфатат дека ова е обврска, товар од кој не можеме да избегаме. Сме се обиделе во минатото и со проблемот со Грција, но чекањето повеќе години и децении, донесе само полоша позиција за нас, изјави Маричиќ.

Прашан дали сме поблиску до уставни измени или до избори, Маричиќ рече дека изборите се на средината на следната година и терминот ќе биде утврден во следниот период, како што нагласи, соодветно со законските рокови.

ЕУ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.