Норвешкиот лекар Мад Џилберт кој во светската јавност стана познат по напорите да им помогне на ранетите во болницатата Сифа во Газа, е избран за личност на годината во својата земја, пренесува агенцијата Анадолија. Изборот го организирал норвешкиот весник Верденс Ганг.
Џилберт повеќе од 50 дена престојувал во Појасот Газа каде им давал медицинска помош на
многумина од 11 000 ранети. 67-годишниот лекар во моментот работи како анестезиолог во Универзитетската болница во Северна Норвешка, а во текот на судирите остро го критикуваше Израел нарекувајќи ги неговите акции како „државен тероризам на највисоко ниво“.
Тој бил лице од кампањата за помош на палестинските жртви во текот на израелската операција во Газа каде се убиени повеќе од 2100 цивили.




