Дваесет и осумгодишно момче вчера уби двајца полицајци во Њујорк, а потоа со пиштолот се застрела, информира полицијата од Големото јаболко, откако по социјалните медиуми почнала да се шири информацијата дека убиецот се одмаздувал бидејќи чуварите на редот летоска усмртиле невооружен Афроамериканец при апсење, јавува Ројтерс.
Убиецот вчера попладне ги изненадил полицајци, Рафаел Рамос (40) и Венџијан Лиу(32) додека тие биле паркирани со нивното патролно возило во њујоршкото предградие Бруклин.
Њујорчани овој месец излегоа на улица откако судот обвини еден припадник на њујоршката полица дека во јуни го убил Ерик Гарнер, Афроамериканец кој починал откако полицаецот го задавил додека го приведувал.
Напаѓачот пукал од страната на совозачкото место и ги погодил двајцата полицајци во главата уште пред тие да имаат време да реагираат, потао отишол до најблиското метро кадешто се самоубил.
– Двајца храбри момци нема вечерва нема да си одат дома кај своите сакани – изјави американскиот претседател Барак Обама и го осуди двојното убиство.
Полицијата информираше дека убиецот е Исмаил Бринсли, 28-годишник кој кратко пред убистовото на социјалната мрежа Инстаграм напишал:
– Тие ќе ни убијат еден, ајде да им убиеме двајца.




