Кирил Џајковски го претставува новиот албум „Hell оf а Road“, дел од неговата нова фаза, издание кое од вчера е достапно за јавноста.
„Hell оf а Road“ е прво во серијата која ќе биде заокружена со долго очекуваниот нов албум. Оригиналот на песната е избалансирана мешавина на традиција и современост, енергија и опуштеност, софистицираност и уличен стил.
„Hell оf а Road“ ја поседува магијата на концертните настапи на Џајковски, но звукот на бендот во живо е претставен во поцврста, „стегната“ варијанта, совршена за слушање во поинтимна клупска атмосфера. Вокалот на TK Wonder го заокружува хит потенцијалот на песната, притоа не одземајќи ништо од нејзината автентичност.
Новото ЕП, Џајковски го објавува под етикетата на „Филтер“ и се состои од вкупно пет ремикси. Ремиксите ја претставуваат песната во сосема поинакво светло и му ја даваат неопходната разновидност на изданието. Првиот човек на Филтер, Tripnotic, од „Hell оf а Road“ направил клупски електро брејкс хит. Брејкбит ветераните Ways & Means ја однесоа песната во тотално техноиден андерграунд правец, не оставајќи од оригиналот ништо освен вокалот.
И конечно, едни од најпопуларните британски брејкбит продуценти во моментов, Leuce Rhythms (номинирани во дури 7 категории на претстојните Breakspoll награди), го заокружуваат изданието со хипнотична верзија на песната која се развива постепено и кулминира во клупски хит.
„Hell оf а Road“од Djaikovski feat. TK Wonder излезе вчера, а ќе се дистрибуира преку сите водечки онлајн музички продавници и стриминг сервиси.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.