НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите, евроинтеграциите, Изборниот законик и техничката влада – теми на лидерската средба во Собранието

0
By Ана Василевска on December 4, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Собранието денеска напладне се очекува да започне средбата на лидерите на најголемите парламентарни партии во земјата – владејачките СДСМ и коалицијата, ДУИ и Алијанса на Албанците и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Левица, партиите од Европскиот сојуз за промени, на која треба да се разговара за претседателските и парламентарните избори 2024 година, но и за евроинтеграциите и техничката влада. На средбата која треба да започне во 12 часот, ќе присуствува и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Во Собранието во тек е средбата на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски со лидерите на парламентарните политички партии, на која треба да се разговара за европскиот пат на земј

Најголем дел од парламентарните партии го потврдија присуството на средбата. Првите луѓе на партиите се очекува да го договорат датумот за претседателските и парламентарните избори, а извесно е дека тие ќе се одржат во мај. Лидерите на најголемите политички партии во јавните изјави веќе изразија согласност дека изборите би можеле да се одржат тогаш. Евентуален втор круг од претседателските избори и парламентарните избори најверојатно ќе се одржат на 8 мај. Првиот круг од претседателските избори во тој случај би бил на 24 април.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети компанијата „Метро“ лоцирана во индустриската зона Ќојлија.

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во најавата дека ќе свика лидерска средба како една од темите за разговор ги посочи евроинтеграциите, потоа датумот за изборите и Изборниот законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.

Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија да им го честитам 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, излегоа со став дека е прифатлива лидерска средба, но на која би се разговарало за конечно прецизирање на датумот за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ.

Ковачевски, во саботата рече дека успешна лидерска средба значи дека политичките партии ќе седнат на маса и нема да постои уценување од една политичка партија кон друга.

-Очекувам конструктивна лидерска средба во која ќе учествуваат сите политички партии застапени во Парламентот, бидејќи тоа е начинот на кој функционира едно демократско општество, каде што сите кои учествуваат во еден натпревар треба да имаат збор во начинот на кој се организира натпреварот, изјави Ковачевски.

Финалниот збор за датумот на одржување на парламентарните и претседателските избори, како што рече, треба да го кажат партиите, но според календарот најголема можност за такво нешто е во месецот мај, потсетувајќи дека следната година ќе бидат први редовни парламентарни избори во нашата држава по 2006 година.

Прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи синоќа изјави оти смета дека е важно прашањето за уставните измени да се отвори на лидерската средба. Според него, уставните измени ќе се случат, како што тврди, најкасно шест месеци од денеска, во која било комбинација.

Османи, во гостувањето на телевизија Сител, порача дека државата не може да стагнира на европскиот пат, бидејќи, како што рече, тоа е нашиот кислород и врзивно ткиво. Според Османи уставните измени ќе се случат и ќе гласаат токму актерите кои денеска се противат, за како што вели, да добијат на избори. Без уставни измени, нагласи тој, нема продолжување на преговорите и тоа е јасно.

–  Скринингот завршува оваа недела, и тоа со поглавјето за МНР. Извештајот таму потврди 100 проценти усогласеност во надворешната политика, многу добар напредок, меѓутоа такви се правилата, изјави тој.

Османи, исто така, посочи дека ние сме еден чекор напред и во споредба со Албанија, но дека не очекува во декември да има поместување.

Министерот и портпарол на ДУИ, исто така, рече дека техничкиот премиер ќе биде на предлог на ДУИ и дека може да биде Талат Џафери, но дали ќе биде, сепак за тоа треба одлука од органите на партијата, кои, како што рече, ќе се состанат следнава недела. 

Изборен законик лидерска средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.