Зошто Мицкоски и Палчо се сретнувале, за што разговарале, колку пати имале средба – ова се прашањата кои останат неодговорени откако Мицкоски пред новинарите одби да даде одговор и замина од лидерската средба во понеделникот. Таинствениот однос на Мицкоски за нивната средба предизвика загриженост и повици за транспарентност од медиумите и јавноста.
Мицковски кога тогаш ќе мора се осврне на причините за овие дискусии и за природата на неговата поврзаност со Палчо кој чека екстрадиција од Турција во Македонија. Недостатокот на информации околу состанокот покренува прашања за транспарентноста на Мицковски и мотивите за создавање врски со личност од екстремно десничарскиот политички спектар кој од вчера најозогласената личност во Македнија. Што крие Мицкоски и зошто не одговори едноставно на новинарските прашања?
Тишината на Мицкоски кој го нема во јавноста само ги засилува сомнежите и ги поттикнува шпекулациите. Дали постоела скриена агенда и соработка? Ова и не би било толку чудно, и двете партии го носат предзнакот „десница“ и оттаму соработката не би била изненадување. Имеле ли заеднички интереси или политички сојузи за кои јавноста не е запознаена? Сите овие прашања мора да бидат одговорени. Палчо е познат на јавноста како човек кој застапува екстремно десни ставови и промовира про-руски политики. Зошто Мицкоски не се огради од таа средба преку транспарентно информирање за што се разговарало?
Улогата на медиумите е да ги повикаат лидерите одговорни и да обезбедат транспарентност во во овие клучни моменти кога сите светла се вперени кон монструмот Палевски. Мицковски ѝ должи на јавноста објаснување за неговите односи со Палчо и причините за нивното држење во тајност.