НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Нема друг пат до ЕУ, освен уставните измени

0
By Marta Pesevska on December 7, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека не треба да се дига раце од уставните измени кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ и отворање на поглавјата и треба до последен ден да се работи на тоа во постојниот состав на Парламентот. Побитно, е вели, јавноста да ја придобиеме за уставните измени отколку опозицијата.

-Јас се надевам дека ќе се гласаат. Не треба ние политичарите да дигаме раце од тој процес. Треба до последне ден да продолжиме, и да не успееме ќе има позитивен колатерален ефект од убедувањето затоа што мене ми беше многу побитно во овој период јавноста да ја придобиеме отколку опозицијата. Затоа што јавноста беше подложена на силна пропаганда и во услови на постоечка фрагилност заради историјатот, луѓето беа ранливи и кога на тоа некој додава сол, имате спремен терен да имате гневни граѓани. Не велам не со право заради историјатот, но не конкретно за овој предлог. И полека требаше да се објаснуваме со граѓаните, макар и еден човек на ден ако треба да придобиеме да убедиме дека нема алтернатива овој пат, за уставните измени, не опозицијата, вели Османи во гостувањето нво Само интервју на Канал 5.

Тој рече дека не се согласува со ставот на претседателот, кој изјави дека е веќе јасно дека нема да се изгласаат уставните измени и го смета за погрешен пристап.

Според него, опозицијата и нејзинот лидер нема своја стратегија за евроинтеграците, туку ги гради ставовите „јавајќи на бранот на јавното мислење“. Нагласи дека гаранциите кои ги бара опозицијата дека нема да има нови вета од Бугарија, се добиени во Преговарачката рамка.

-Ние не работевме за да ја убедиме Бугарија, ние работевме за да изградиме ѕид помеѓу Бугарија и Брисел, бугарските барања да не можат да пробијат во Брисел, Преговарачката рамка е сега филтерот низ којшто сега поминуваат бугарските барања. Не може да помине ништо што не го предидува филтерот наречен Преговарачка рамка. Протоколот не е дел од поглавјата. Гаранциите ги добивме преку Преговарачката рамка во кои што прво македонскиот јазик за прв пат стана европски јазик, без никакви додавки. Гаранција се начинот на кој што се отвараат поглавјата во кои што нема билатерални прашања освен Акцискиот план за малцинства т.е. човековите права и уставните измени. Гаранција е Резолуцијата на германскиот Бундестаг, гаранција е изјавата на бугарската Влада дека нема да има нови барања. Значи вие може да измислите милион други потреби за гаранции, но патот е овој, нема друг пат, нагласи Османи.

Бугарија може да ги прекрши правилата на игра, но, вели Османи, не може да блокира за барања кои што не се предвидени во патоказите. Тој појасни дека два патокази се бенчмаркови од кои во Патоказот за владеење на правото, потои Акциски план за малцинства кој што не се однесува на Бугарите туку на сите етнички малцинства под 20 проценти каде се предвидени прашања од типот на право на здружување. Тој се уште се подготвува не не е завршен, но постојат рокови кога треба да се заврши.

Османи е уверен дека и доколку дојде до промена на власта земјата наредните шест месеци ќе мора да најде начин да ги донесе уставните измени, бидејќи додава, ЕУ е за нас „Павлов рефлекс“ и без отворање на поглавјата како и договор меѓу позицијата и опозицијата не можат да се спроведат европските реформи.

-Европските реформи не можат да се спроведат еднострано, или ќе има државен договор за реформи, а тој државен договор без договор меѓу позицијата и опозицијата под капа на ЕУ е утопија. Ние мора да имаме државен договор за европската агенда, како што имаа Хрватите, рече министерот Османи.

Османи уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.