Парламентот на Украина одлучи земјата да се ориентира кон членство во НАТО и со тоа да се заврши прашањето околу статусот и определеноста на земјата.
Оваа одлука според рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров е контрапродуктивна и може само да ги закајне тензиите помеѓу Русија и Украина на источниот дел од земјата.
Претседателот на Украина Петро Порошенко рече дека ќе инсистира на членство во НАТО поради поддршката од Русија за бунтовниците на исток од земјата.
Од друга страна земјата на Путин категорично одби дека ги снабдува со оружје бунтовниците во Источна Украина.
303 спрема 8 е односот при гласањето на украинските парламентарци кои поддржаа отворен пат кон НАТО.
Неодамна, во обраќањето кон странските амбасадори, претседателот Порошенко потенцираше дека „Борбата на Украина за својата независност, територијален интегритет и суверенитет ги подобрила односите со земјите од светот“.




