НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието донесе закони за задолжување со заем кај меѓународни институции

0
By Blerina Tahiri on December 12, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците во рамки на денешното продолжение на 136. седница го изгласаа Предлог законот за задолжување со заем кај Фондот за меѓународен развој на Организацијата на земјите извознички на нафта по Договорот за заем за Програмата за одржливост и отпорност, по скратена постапка.

Како што стои во образложението за Предлог законот објавено на веб страната на Собранието, вкупната вредност на заемот од Фондот за меѓународен развој на ОПЕК изнесува 50.000.000 евра. Рокот на отплата е 10 години, со вклучен грејс период од две години. Каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1,7 проценти. Заемот ќе се отплаќа во 16 полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 15-ти јануари и 15-ти јули секоја година, почнувајќи од 15-ти јануари 2026 година.

-Република Северна Македонија ќе му плати на Фондот за меѓународен развој на ОПЕК еднократна провизија во износ од 0,25  проценти од износот на заемот. Оваа провизија за овој заем изнесува 125.000 евра и ќе биде платена еднократно од средствата на заемот. Република Северна Македонија ќе му плаќа на Фондот за меѓународен развој на ОПЕК провизија во висина од 0,25 проценти од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво, стои во образложението.

Во рамки на 131. седница пратениците ги донесоа и Предлог законот за задолжување со заем кај Кредитната банка за обнова (КфВ) и Предлог законот за задолжување со заем кај Европската Унија по договор за заем за макро-финансиска поддршка, двата во скратена постапка.

Вкупиот износ на заемот од КфВ е 90.000.000 евра и тој ќе се повлекува во една транша. Рокот за отплата е 12 години и пет месеци, со вклучен грејс период од три години. Каматната стапка ќе се утврдува за траншата од заемот при нејзино повлекување.

-Република Северна Македонија ќе и плати на Кредитната банка за обнова – КфВ еднократна провизија во висина од 0,5 проценти од износот на заемот. Република Северна Македонија ќе и плаќа на Кредитната банка за обнова – КфВ провизија во висина од 0,25 проценти од неповлечениот дел од заемот, стои во образложението на Предлог-законот.

Вкупната вредност на заемот од макро-финансиска поддршка (МФП) е 100 милиони евра, кои ќе се реализираат преку две транши, секоја во износ од 50 милиони евра, во период од две години.

Пратениците продолжуваат со работа во 16:30 часот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.