НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едвард Џозеф: Црната листа на САД опфаќа политичари и ова е порака, паметните политичари би требале да сфатат, сега пред најавените изборите

0
By Blerina Tahiri on December 15, 2023 ИНТЕРВЈУ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на програмата„ Seeing is Believing“ за градење на јавното разбирање за НАТО и отпорноста на Балканот, група новинари од Северна Македонија и Црна Гора престојуваат во Талин, каде во рамките на посетата Цивил Медиа направи кратко видео интервју со ко-директорот на проектот, Едвард Џозеф, експерт за управување со конфликти со петнаесетгодишно искуство на терен, како и предавач и аналитичар за надворешна политика. Во неговите десетина години поминати на Балканот, тој служел за време на војните во секоја земја погодена од конфликтот, вклучително и на задачи во Босна, Косово и Македонија.

ЦИВИЛ: Според Вас, кој е придонесот на помошта од сојузниците, првенствено од Соединетите Држави, за украинската борба за деокупација?

Џозеф: Западната помош предводена од Соединетите Држави е егзистенцијална за Украина. Не би можеле да го користите зборот важна, би морале да го користите зборот егзистенцијална, што значи, каде ќе беше Украина без оваа помош. А за Соединетите Држави, она што е толку интересно е што тоа што САД го обезбедуваа ги премина сите црвени линии. Значи, на почетокот она што Соединетите Држави го обезбедуваа беше многу ограничено. Сега, САД обезбедија дел од својата најнепредна опрема, вклучувајќи ја оваа ракета ХИМАРС. Тоа е артилеријата ХИМАРС што може да ја користи таа специјална ракета наречена АТАКМС, што има неверојатен домет од 300 километри, со точност до 10 метри. Значи, ова е навистина она за што зборуваме и тоа е видот на опрема што САД и нивните сојузниц ја обезбедуваат, има и тенкови, но ова сé уште не е доволно. Сé уште не е доволно од сé она што ѝ е потребно на Украина. Тоа е голем дел од она што ѝ е потребно, но не сé што и треба. А Украина и понатаму ќе има потреба од оружје, дури и помалку софистицирано оружје, само обични артилериски гранати, само обични артилериски гранати што ќе можат да ги користат во ова војна, која комбинира напредни тактики и некои многу стари тактики.

ЦИВИЛ: Како го оценувате учеството на Северна Македонија во безбедносната структура на НАТО и помошта која ја обезбедува на Украина?

Џозеф: НАТО е неверојатен пример за лојалност кон алијансата, лојалност кон Украина. Северна Македонија обезбеди толку многу опрема, далеку повеќе од нејзината големина за Украина и вклучува многу важен материјал, значаен материјал од воена вредност, вистинска воена вредност за Украина. Северна Македонија обучува украински војници, што е многу важно. Северна Македонија, исто така, е сто проценти конзистента во својот пристап кон поддршката на Украина, поддржувајќи ја позицијата на НАТО, но и на Европската Унија за тоа кој е одговорен за оваа војна, а тоа е Русија, и без никакво прашање за тоа. Значи, воено, тоа што Министерството за одбрана на Северна Македонија го обезбеди е многу важно за Украина.

ЦИВИЛ: Црната листа на САД неодамна се надополни со уште еден претставник на бизнис заедница, поврзани со политичките структури. Дали мислите дека ова го стеснува кругот и дека следни на листата ќе бидат поранешен или сегашни политичари поврзани си висока корупција?

Џозеф: Па, ќе ви кажам дека црната листа на САД е многу значајна. За некој да се најде на таа црна листа, кој не беше само политичар, туку поранешен висок функционер во Северна Македонија, вицепремиер, значи дека ова не е само бизнис круг. Ова се многу значајни поранешни функционери, нема нешто многу повисоко од поранешен вицепремиер, а и не треба да се исклучува ниту едно име. Видете, поранешниот премиер Никола Груевски беше ставен на оваа листа минатата година од страна на Соединетите Држави за „значителна корупција“. Ова беше терминот што САД го користеа. Јас едноставно цитирам од офијалното соопштение на САД. Значи, ова опфаќа политичари и ова е порака, навистина, мислам дека паметните политичари сега би требале да сфатат пред изборите кои се најавени. Значи, знаеме дека претстојат избори на пролет.

Така што, според мене, најмудрото нешто што треба владата да направи, а ова особено се однесува на владата предводена од СДСМ, најпаметното нешто што би можеле да направат е во Собрание да ги повлечат овие измени на Кривичниот законик. Тоа е она што треба да го направат. Пишував за ова во мојата статија минатиот месец, во октомври, во Science Review. И ова беше многу штетно, тоа беше спомнато и од Европската комисија во извештајот што излезе за македонскиот напредок. И најдоброто нешто, најдобриот политички потег за да ги привлечат граѓаните би бил владата во парламентот да каже згрешивме и ќе ја поправиме таа грешка сега и ќе го повлечеме овој закон и ќе ги повлечеме измените на Кривичниот законик и ќе го вратиме законикот како што беше.

Драган Мишев
Камера/фото: Драган Мишев
Монтажа: Ариан Мехмети
Транскрипција и превод: Наташа Цветковска

Преземено: Цивил Медиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.