НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Повеќе инвестиции за модерно и продуктивно земјоделство преку мерката „Бизнис план“

0
By Blerina Tahiri on December 15, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод доделувањето на договорите на земјоделците кои се поддржани со новата мерка „Бизнис план во земјоделството“.

На настанот, премиерот Ковачевски, министерот Николовски, директорот и заменик-директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и Ремзи Абдулахи, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Реџаил Исмаили доделија договори на земјоделците кои ќе ја користат поддршката во форма на кофинансирање во висина до 10.000 евра по корисник.

„Денес доделуваме 206  договори на индивидуални земјоделци поддржани преку мерката ‘Инвестиции во модернизација на земјоделските стопанства’ или популарно наречена мерка ‘Бизнис план’ од Програмата за рурален развој, која ја воведовме за прв пат како дел од најголемата земјоделска реформа.

Со новата мерка „Бизнис план“, овозможивме помош во висина до 10.000 евра како ко-финансирање за набавка на производствена опрема и механизација.

Земјоделците имаат можност да  набавуваат земјоделска механизација, како  пчеларска опрема, силоси, опрема во објекти за производство на храна од животинско или неживотинско потекло, опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација и широка лепеза на друг вид опрема со која сме во чекор со потребите и современите светски трендови“, истакна премиерот Ковачевски, во неговото обраќање на настанот, додавајќи дека со оваа мерка се инвестираат 1,5 милиони евра за поддршка на земјоделците при набавка на опрема.

Премиерот Ковачевски, во своето обраќање ги потенцираше мерките кои се преземаат во насока на поддршка на земјоделството и нагласи дека Владата е партнер на земјоделците. При тоа, премиерот ја спомена финансиската поддршка за малите производители на храна, за малите семејни винарии, за малите дестилерии, како и за младите земјоделци, жените земјоделки и поддршката во рамките на ИПАРД програмата.

„Целта на секоја држава е да произведе повеќе домашна храна. Затоа, ставивме силен фокус на зголемување на домашното производство на земјоделски производи и храна, преку конкретни мерки од кои придобивки имаат и земјоделците меѓутоа и граѓаните. Реализираме еден од нашите врвни приоритети – со повеќе инвестиции за модернизација, до стабилно, продуктивно земјоделство и задоволни земјоделци. Ги помагаме нашите вредни земјоделци, за остварување на нивните визии за добар бизнис, поквалитетно домашно производство и побогати приноси. Овозможуваме тие да се профилираат и да станат поконкурентни и на домашните и на странските пазари“ рече премиерот Ковачевски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во своето обраќање рече дека мерката „Бизнис план“ е воведена за прв пат годинава, а денес се финализира со бројки за почит.

„Оваа мерка се покажа како една од најдобрите, најпотребните или народски кажано полн погодок. Сме успеале да допреме до сржта на очекувањата на земјоделците, да им го дадеме токму тоа што го сакаат и што им треба. Одобрени се 206 апликации.

Тоа се 206 одлични идеи за земјоделски бизнис. Ова значи дека сме покренале лавина од мисли, идеи, предлози, тоа е лавина од нова надеж кај земјоделците и нивните семејства, нова желба за работа, нов поттик, ново ентузијастичко размислување дека државата силно ги поддржува земјоделците, со неповратни финансиски средства во форма на грант до 10.000 евра по корисник“, истакна министерот Николовски на денешниот настан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.