НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦУК: Вчера 1.568 повици на 112 и прв ангажман на медикоптер во спасителна акција

0
By Ана Василевска on December 18, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

о последното деноноќие во Центарот за управување со кризи имало вкупно 1.568 повици на Единствениот број за итни случаи 112. „Реални“ повици за итни случаи на 112 во ЦУК биле 41,90 отсто, а 58,10 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните.

Како што информираат од ЦУК, кон полиција биле упатени 43,48 отсто од повиците од 112, кон Итната медицинска помош 40,00 проценти, кон пожарникарите 6,52 отсто, а кон АМСМ биле упатени  0,44 проценти.

-Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 9,56 проценти од „реалните“, што секако заедно со другите 58,10 отсто „неитни повици“ (933 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, се наведува во соопштението.

Од специфичните итни случаи од вчера, ЦУК го издвојува спасувањето повреден од непристапен терен.

– Регионалниот ЦУК Скопје извести дека по утринскиот повик на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е координирана спасителната акција за повредено лице, ловец, со скршена нога, на непристапен и опасен терен во реон на с.Буковиќ (Општина Сарај). Преку Секторот за операции и координација во ЦУК, заради непристапноста на теренот, било упатено барање до МВР за ангажирање на воздухоплов. МВР веднаш одговорило на задачата и медикоптерот – пред неговата промоција со симулација за спасување во Битола, на која оправдано задоцни, имаше прв лет за спасување при реална ситуација. При ова спасување и транспортирање на опасно повреден во тешки услови на речиси непристапен терен, согласно повратните информации за развој на извлекувањето, сите ангажирани институции, служби, членови на здруженија и мештани реагираа максимално координирано и оптимално во интерес на вкупната безбедност, а особено за безбедноста на повредениот – за при извлекувањето од бездната за да не дојде до поголеми повреди на скршената нога. Ловците, кои покажаа и голема саморганизираност и знаења за спасување на терен и дејствуваа по професионалните совети на докторите од ИМП, на полицијата, на пилотите, а и на мештаните, по спасителната акција се јавија во ЦУК искажувајќи голема благодарност до сите ангажирани за време на спасителната акција, а и по приемот во болница. Тие самоиницијативно ја искажаа таа благодарност и преку социјалните мрежи и информираа дека по операцијата повредениот ловец е во добра состојба, се наведува во соопштението.

Од ЦУК информираат дека за вакви специфични спасителни акции е евидентно дека овозможуваат да се подигне знаењето на граѓаните како треба да се подготват кога одат во планински предели и како да реагираат и да соработуваат со институциите од Системот за управување со кризи во слични животозагрозувачки ситуации. 

Медиокоптер Центар за управување со кризи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.