НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД го одобрија првиот тест за проценка на ризикот од зависност од опиоиди

0
By Blerina Tahiri on December 20, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) соопшти дека го одобрила првиот тест за проценка дали постои ризик од зависност од употреба на опиоиди кај одредени поединци.

Како што пренесуваат странските агенции, тестот наречен АвертД (AvertD) е развиен од фармацевтската компанија СОЛВД и е наменет за употреба пред првата употреба на орални опиоидни лекови, како што се лекови против болки, кај лица кои ги земале помеѓу четири и 30 дена, како на пример пациенти кои треба да бидат подложени на хируршка процедура.

Тоа е генетски лабораториски тест кој се издава само на рецепт за пациенти на возраст над 18 години кои претходно не користеле орални опиоидни лекови против болки.

Тестот вклучува земање брис од образот на пациентот за да се собере примерок од ДНК кој потоа се користи за да се утврди дали постои комбинација на генетски варијанти кои може да се поврзат со зголемен ризик од развој на нарушување на употребата на опиоиди.

АвертД не е наменет за употреба кај пациенти кои се лекуваат од хронична болка, соопшти ФДА.

ФДА одлучи да го преземе овој чекор по епидемијата на злоупотреба на опиоиди низ САД, од чии последици починаа повеќе од половина милион луѓе во последните 20 години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.