НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ постигна договор за закон со кој ќе ја зајакне слободата на медиумите и ќе ги заштити новинарите

0
By Gabi Tocko on December 24, 2023 ВЕСТИ, Медиуми, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската унија сака подобро да ги заштити новинарите и медиумските компании од политичко влијание и постигна договор за таканаречениот Европски закон за слобода на медиумите. Иако заштитните мерки што ги нуди законот се генерално добредојдени, законот не е без недостатоци – и проблемите се сè уште присутни во европскиот медиумски простор, објави EuroEFE EURACTIV.

Унијата постигна договор за нов закон поврзан со слободата на медиумите, кој има за цел да ја зголеми транспарентноста на сопственоста на медиумските компании и институционалното рекламирање, да понуди подобра заштита на новинарите и нивните извори, и да ја зајакне независноста на јавните медиуми.

Европската унија верува дека директното влијание врз медиумите од страна на државата, посебно во земји како Унгарија и Полска, стана голем проблем во последните години, и сака да го поправи со новиот закон.

„Постигнатиот договор […] е сведоштво за нашата посветеност да негуваме слободни и плуралистички медиуми. За првпат ќе има заштитни мерки во европското законодавство,“ рече германската европратеничка Сабине Верхајен, од Европската народна партија (ЕПП).

Потпретседателката на Европската комисија за вредност и транспарентност, Вера Јоурова, рече дека ЕУ „не ги регулира медиумите, туку просторот за медиумите“.

Но германските издавачи на весници и списанија го задржаа критичниот став кон законот. Федералната асоцијација на дигитални издавачи и издавачи на весници и Медиумската асоцијација на слободниот печат рекоа дека „додека медиумите се борат со економски, регулаторни и конкурентски предизвици, Унијата го затегнува обрачот и со тоа не решава ниту еден проблем, туку ја загрозува слободата на медиумите“.

Употребата на шпионски софтвер во фокус на дебатата

Главната пречка која ги одолговлечи преговорите до последните недели од шпанското претседателство на Советот на ЕУ беше постоењето на член во законот со кој би се отстранила забраната за шпионирање на новинари или нивни извори заради „национална безбедност“. Европскиот парламент го отфрли овој член.

Според договорот, земјите членки на ЕУ мора да гарантираат ефикасна заштита на новинарите во иднина. Шпионирањето врз новинарите треба да биде спречено, но со одредени исклучоци.

Неколку земји членки претходно инсистираа на исклучоци од забраната за шпионирање заради национална безбедност, што предизвика загриженост кај професионалните здруженија и застапници за слободата на медиумите. Според романската европратеничка од групата Обнова на Европа, Рамона Стругариу, крајниот текст не содржи член за национална безбедност.

По интензивно „лобирање“ од страна на медиумските здруженија и борба која можеше да ги загрози преговорите, законот не го содржи овој исклучок но го спомнува во објаснувачкиот дел од законот и наведува на „почитување на обврските на земјите членки“, велат извори од преговорите. Европскиот парламент го смета ова за победа.

Верхајен истакна дека секое следење, како што е употребата на шпионски софтвер на уредите на новинарите, ќе биде возможно само за тешки кривични дела и со судска наредба. „Не за сè што би можело да се нарече национална безбедност,“ рече Верхајен.

Европскиот медиумски простор во постојана криза

Законот исто така содржи одредени заштитни мерки за независноста на јавните медиуми, како што е барањето однапред да се утврдат критериумите за именување и разрешување на луѓе на високи позиции во јавните медиуми, како и времетраењето на нивниот мандат и доволно средства за да можат да ја исполнат нивната мисија.

Во Словенија, на пример, во тек е јавна дискусија околу долгоочекуван закон за реформа на медиумите. Важен аспект од новиот закон е транспарентноста на сопственоста на медиумите, што би требало да доведе до зголемен медиумски плурализам. Во интервју за ТВ Словенија, министерката за култура, Аста Вречко, потенцираше дека законот е во согласност со Европскиот закон за слобода на медиумите и Законот за вештачка интелигенција, кои ќе бидат основа за регулацијата на медиумите во иднина.

И покрај договорените заштитни мерки, медиумскиот простор во неколку други земји членки на Унијата неодамна претрпе значителни промени.

Новата проевропска влада на Полска во средата започна реформа на државните медиуми и ги разреши нивните раководство, додека пратениците од десницата протестираа против промените и имаше прекини на јавните емитувања. Ваквата реконструкција доаѓа една недела по изборот на новиот премиер, Доналд Туск, и по осумгодишното владеење на партијата Право и правда (ПиС). Државните медиуми под контрола на ПиС често беа обвинувани за пристрасност, ширење владина пропаганда и вербални напади кон опозицијата.

Швајцарската медиумска компанија Рингиер – која е сопственик на романскиот дневен весник Либертатеа и Газета Спортурилор – на почетокот на месецот објави планови да ги намали работните места во Либертатеа, наведувајќи ја зголемената употреба на онлајн медиуми како причина. Новинарите од засегнатите весници тврдат дека биле под притисок од менаџментот да ги дадат на проверка сите статии кои се однесуваат на онлајн компаниите за обложување – влијателни на Балканот и значаен извор на приходи од реклами – пред да ги објават.

Зборувајќи за договорениот закон за слобода на медиумите, претседателот на комисијата за европски прашања во Претставничкиот дом на романскиот Парламент, Стефан Мушоју, потсети дека во Романија слободата на изразување и слободата на медиумите се појавија како резултат на револуцијата во 1989, по огромни жртви, што им овозможи на граѓаните да ги почувствуваат придобивките од сè поголемите перспективи во рамки на ЕУ и НАТО.

Поголема контрола врз онлајн платформите

Уште еден важен аспект во законот е прашањето за контрола врз новинарските содржини од страна на онлајн платформите. Треба да има појасни правила за односот помеѓу медиумските компании и големите онлајн платформи како Фејсбук, кој е дел од Мета, или Гугл.

Европската комисија одлучи да започне постапка против социјалната мрежа Х и нејзиниот сопственик, Илон Маск – истрага без преседан, прва како дел од новиот Закон за дигитални услуги. Истрагата ќе ги разгледа сите потенцијални незаконски пракси на Маск, вклучувајќи „лажлив дизајн“ и сериозни пропусти во транспарентноста. Во октомври, Комисијата го предупреди Х дека во Европа нема место за незаконски содржини и дезинформации на социјалните мрежи.

На состанок со претставниците на Репортери без граници во Брисел во октомври, бугарскиот премиер Николај Денков рече дека дезинформациите се еден од главните проблеми во Бугарија, а не недостатокот на слобода на говор, бидејќи бил постигнат значителен напредок во овој поглед во последните неколку години. „Покрај измените во бугарските закони, Европското законодавство може многу да ни помогне на овој план,“ додаде Денков.

Службите на ЕУ сега ќе продолжат да собираат докази, да спроведуваат интервјуа и да вршат инспекции пред да одлучат дали да побараат нови правни лекови од Х или да најдат компромис. Не постои фиксен краен рок за истрагата.

За крај, но не помалку важно, договорениот Закон за слобода на медиумите исто така предвидува воспоставување на нов Европски медиумски совет, составен од претставниците на националните медиумски регулатори на земјите членки, кој би воспоставил построга рамка за спојувања на медиумски компании. Ова тело ќе биде задолжено за издавање на необврзувачкo мислење за такви операции од поглед на нивното влијание врз плурализмот.

Нацрт законот за слобода на медиумите во Европа ќе влезе во сила кога ќе биде официјално усвоен од Европскиот парламент и земјите членки. Членките на Унијата можат да воведат построги или подетални национални правила од оние во законот.

______________________________________________________________________________________________________________________

Оваа статија се објавува неделно. Содржината се заснова на вести од агенциите кои учествуваат во ЕНР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.