НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Снајперисти со врзани очи

0
By Xhabir Deralla on December 25, 2023 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА

Мене одамна ми е јасно дека во земјава постојат и работат медиуми кои не би ни постоеле, ако нивните налогодавачи немаат насушна потреба да ги нападнат сите што мислат со своја глава, да дискредитираат сѐ што е прогресивно и да внесат омраза и поделби во општеството. Овие медиуми за својата работа се и богато наградени од црните фондови на познати политички и разузнавачки ентитети кои дејствуваат во земјава.

Еден од начините на кој се спроведува операцијата за дискредитација на тие што им пречат е во континуитет да се напаѓа една личност на сите можни начини – вулгарно, дрско, отворено, со омраза и закани, со дрски лаги и дезинформации. Целта на овие подмолни напади е да се дискредитира личноста, за да се намали влијанието на пораките, да се дискредитираат анализите и наодите од истражувањата. Потоа, откако се создала негативна претстава за таа личност, се напаѓаат сите што се осмелуваат да соработуваат со таа личност и ентитетите каде што тие работат (организации, медиуми, институции…). Тоа е добро извежбана метода.

Секоја пропагандна тактика има свое огледало во воената. Оваа тактика во антизападните пропагандни гласила кај нас, ме потсетува на сториите за тоа како дејствувале српските снајперисти при опсадата на Сараево (1992-1996). По долгото демнење, тие одбирале момент кога некој од цивилите ќе се најде на бришан простор. Го погодуваат со својот куршум, но не фатално, туку само да го онеспособат да се движи. Тогаш, кога ќе му пријдат луѓето да му помогнат, тие „на тацна“ добиваат нови мети. На тој начин, паднале жртви многу луѓе, меѓу кои и голем број жени и деца. За жал, мојата сараевска сторија не е единствената во светот.

Но да се вратам на темата за овие, да ги наречам, интернет или медиумски „снајперисти“.

Во суштина, тактиката на медиумите кои ја користат оваа валкана „снајпер“ тактика, има една голема слабост и не функционира, за разлика од крвавите и трагични исходи од дејствувањето на вистинските снајперисти во војна.

Тоа е затоа што се целосно неубедливи.

Авторите на насловите од типот „Костовски, соработник на Дерала…“ или „Атанасоски за медиум на Дерала…“ немаат јасна претстава за тоа колку е или не е прецизна нивната нишанска справа. Така, наместо да ѝ наштетат на својата жртва, тие ѝ помагаат да стане посилна и повидлива.

Според мене, имаат уште една голема слабост. Тие поаѓаат од убедувањето дека луѓето што пишуваат колумни и анализи не мислат со своја глава, а дека во медиумите што се нивна мета се строго контролирани, онака како што се нивните. Но повеќето луѓе добро знаат дека авторките и авторите, барем во прогресивите медиуми, имаат целосна слобода на изразување. Затоа и пишува „текстот е личен став на авторот“ (или нешто слично) под нивните текстови во интернет медиумите и весниците. Зошто стои тој дисклејмер под текстовите? Затоа што е така – авторките и авторите навистина имаат свој став и тој имаат право да го изнесат во своите текстови. Точка.

Уредникот, односно редакцијата не мора да се согласува со тој став, но имаат обврска да го објават, бидејќи слободата на изразувањето е гарантирана со Уставот, законите и меѓународното право. Јас не се согласувам, барем не во целост, веројатно, со половина од текстовите објавени во просторот за ставови во медиумите во кои сум уредник. Но ги објавувам и им давам исто толку простор како и на оние авторки и автори со кои се согласувам, некогаш и во целост.

Еве еден пример од „спротивната страна“, но во српскиот медиумски простор. Српски „Курир“ е медиум чија уредувачка политика е спротивна на ставовите на колумнистот Светислав Басара, но го објавуваат. Таква доблест, овдешниве „курири“ – немаат.

Да, уредниците можат и да одбијат да го објават доколку со некоја содржина се шири омраза по етничка, верска и расна основа или се поттикнува насилство и војна, што е кривично дело. Какво што, впрочем, тие истите пропагандистички гласила, извршуваат секојдневно. Но тоа е друга приказна.

Со други зборови, овие интернет „снајперисти“ изгледа пукаат со врзани очи, па ако погодат, добро, ако не, продолжуваат со пукање на слепо.

Среќна околност е што овие радиоактивни загадувачи, иако се многубројни и одлично се платени, не допираат до разумните и информирани луѓе. Или, ако допрат, само го предизвикуваат обратниот ефект од оној што сакале да го постигнат пукајќи со врзани очи.

Ах, да. Благодарам за бесплатната реклама што ми ја прават секој ден.


Текстот е личен став на Авторот. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.