Published: Thursday, December 25, 2014 14:50
M.E.A, 16-годишен средношколец е уапсен од турските власти бидејќи го навредил претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган.
Тој го навредил турскиот претседател за време на вчерашниот протест одржан во знак на сеќавање на убиството на еден млад учител во 1930-та година извршено од исламистите, пренесува CNNTurk.
Турскиот медиумите пишуваат дека средношколецот во својот говор го нападнал Ердоган и неговиот режим, обвинувајќи го за корупција.
Обвинението покренато од полицијата предвидува и до четири години затвор.




