Пред влезот во Штип автобусот со струмичките студенти кои тргнаа утрово да дадат поддршка на денешниот протест пред Влада, бил запрен од страна на полицијата. По извршената контрола која траела подолго време од вообичаеното како што велат студентите, биле пуштени повторно да продолжат.
Им биле поставувани прашања од типот каде одат и зошто, заради како што велат, една и единствена цел – „да не задржат што повеќе“.
Во моментот струмичкиот автобус со студенти се наоѓа пред влезот во Скопје и како што велат за НОВА сепак полицијата не успеала во своите намери да го саботираат протестот.
Струмичките студенти за поддршка на денешниот протест претходно преку социјалните мрежи ги повикаа сите студенти, професори, родители, средношколци и пензионери кои сакаат да го искажат своето незадоволство и несогласност против овој монолог на власта и екстерното
тестирање.
Фото: Испратено до редакцијата на НОВА од еден од патниците- учесници на маршот