Хрватите денес излегуваат на избори за да го изберат својот следен претседател.
Гласачите денес имаат избор помеѓу четворица кандидати за шеф на хрватската држава. Социјал-демократот Иво Јосиповиќ, досегашниот претседател повторно се кандидираше. Од десната ХДЗ во трката е влезена поранешната министерка за надворешни работи Колина Грабар-Китаровиќ. И двајца кандидати од помали партии се наоѓаат на изборните листи. Тоа е младиот 24 годишен милитант Иван Вилибор Синчиќ од здружението Жив ѕид. А од националистичката радикална партија Хрватска зора кандидат е Милан Кујунџиќ.
Според последните анкети објавени во хрватскиот печат фаворит е досегашниот претседател Јосиповиќ а зад него а Грабар-Китаровиќ. Синчиќ би требало да освои околу 9 отсто од гласовите а Кујунџиќ 7 отсто.
Но, Хрватите се длабоко разочарани од своите политичари и економијата во земјата. Ниту влезот во ЕУ ниту успешните туристички сезони не успеваат да ја извлечат Хрватска од рецесијата во која е влезена од 2012 година. Освен тоа санкциите на ЕУ кон Русија не беа од корист за хрватската економија која загуби голем број руски туристи оваа година и која нема корист од фактот што Русија одлучи да го стопира Јужниот тек.
Во вакви услови Хрватите имаат проблем да се одлучат помеѓу соција-демократската програма на Јосиповиќ кој продолжува со досегашната политика ставајќи повеќе акцент на “зелената економија”. Грабар-Китановиќ предлага кусења на буџетот и се надева на инвестиции и помош од структурните фондови на ЕУ.
Иако анкетите најавуваат дека Јосиповиќ најверојатно ќе победи, сепак излезноста на изборите ќе биде одлучувачка и ќе покаже до кој степен Хрватите се разочарни.
Гласачките кутии ќе бидат затворени во 19 часот.




