Полицијата во Баку присилно приведе на испрашување дел од персоналот на азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа, два дена откако обвинителите спроведоа рација во бирото и го затворија, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик.
Камран Махмудов, водител на дневна радио емисија на радио Азадлик, бил земен од неговиот стан во раните утрински часови, откако полицијата преправајќи се дека бара негов сосед успеала да влезе во неговиот дом. Сопругата на Махмудов изјави дека тој бил земен од дома без чевли и јакна. Полицијата, исто так го уапси Султансој, уредник на сајтот на руски јазик на радио Азадлик како и хигиеничарката која работела во бирото, Матанат Абдинова.
Вработените подоцна биле однесени во одделот за тешки злосторства на канцеларијата на државниот обвинител на сослушување. Директорот на азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа Кенан Алиев,изјави дека десетици вработени со полно работно време и хонорарни работници биле повикани во канцеларијата на обвинителот за испрашување во врска со нивното вработување. Повеќето одбиле да соработуваат додека не им биде обезбеден адвокат.
Државните инспектори на 26декември спроведоа рација на бирото на РСЕ во Баку, запленувајќи компјутери и лични досиеја, по што ја затворија канцеларијата на радиото. Тие изјавија дека нападот бил дел од тековната истрага на Бирото како странски финансиран субјект.
Околу 15 новинари и блогери се моментално зад решетки во Азербејџан, вклучувајќи ја и Кадија Исмаилова, истражувачки новинар и соработник на РСЕ.
Инаку, Репортери без граници го рангираа Азербејџан на 160. место од 180 земји во неговиот индекс за слободата на печатот во 2014.
Прес-службата на Стејт департментот соопшти дека е “длабоко вознемирена” поради упадот и ги повика азербејџанските власти да ја почитуваат меѓународната обврска наземјата за заштита на слободата на медиумите.
Комесарот за човекови права во Советот на Европа, Нил Музникс рече дека ова е “неприфатлив настан е дел од многуте случаи на репресија на спротивставените гласови кои се случија во блиското минато во Азербејџани ја илустрира сериозноста на предизвиците со кои новинарите, бранителите на човековите права и другите кои изразуваат критички ставови се соочуваат таму”, напиша Музникс на својот Фејсбук профил.
Азербејџанскиот сервис на РСЕ кој е познат во Азербејџан како Радио Азадлик, доби забрана за радиодифузија од 2009 година, но продолжува да допира до јавноста преку својата веб-страница.




