Published: Sunday, December 28, 2014 14:06
Во тек е меѓународна спасувачка акција на брод кој се запали утрово додека пловел преку Игуменица кон Анкона, а помеѓу 478-те патници се и тројца Македонци, како што објави Канал 5. Акцијата која е во тек е заедничка соработка помеѓу Италија и Грција.
Неколку стотина патници се заробени а спасувачката мисија се одвива во услови на силна бура.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека 150 лица се спасени од бродот Норман Атлантик, кој превезувал 478 патници и членови на екипажот, откако испратил SOS сигнал по избувнувањето на пожарот.
Силните ветрови и немирното море ги попречуваат напорите на другите бродови за спасување на оние кои се сеуште на бродот, а не е познато дали имало жртви или патници во водата.



