На синоќешната седница на Централниот одбор на СДСМ, била донесена одлуката за бојкот на претстојните локални избори, која всушност е потврда на досегашната.
Одлуката за бојкот е донесена со консензус, информира Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ.
Ваквата одлука беше неколку пати преиспитувана во СДСМ, со оглед на апелите на странскиот фактор упатен до двете најголеми партии- да се најде компромисно решение со кое граѓаните би биле ставени на прво место.
Централниот одбор на СДСМ заседаваше откако вчера владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија изгласа измени во Изборниот законик за продолжување на рокот на кандидирање за локалните избори до 3 март.