НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Злочин, кој се претставува како патриотизам

0
By Marta Pesevska on January 14, 2024 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ГОРАН ВОЛКАНОСКИ

Знаете кој е најголем злочин кој и се прави на Македонија и на граѓаните на Македонија?

Уништувањето на шансата за релативно брза ЕУ интеграција која ја имавме, е најголемиот злочин кој „најпатриотската“ партија ѝ го направи на Македонија и на граѓаните на МАКЕДОНИЈА. Само и само во име на стекнување и доаѓање на власт. Овој злочин, самиот по себе би требало да е причина, секој граѓанин на оваа држава, кој е загрижен за сопствената иднина и иднината на најблиските да го дисквалификува чинителот на ова зло, како можна власт при изборот пред кој сите ние ќе бидеме исправени!

Уништувањето на ЕУ перспективите, уништувањето на пристапот до ЕУ фондовите (кои стануваат достапни откако ќе се започне со преговорите) преку отворање на конкретни поглавја, ќе значеше обезбедување на финансиска стабилност, раст на стандардите во секоја смисла.

Значи, возот за Брисел го пропуштивме минатиот декември.

Последиците од тоа ќе произведат застој на евроинтегративните процеси. Ретроградни процеси кои ќе ги уништат шансите за решавање на сите оние системски слабости кои може да се решат само преку отворање и затворање на поглавјата во процесот на пристапните преговори со ЕУ. Онака како што се решаваа во сите земји кои го поминаа овој пат и станаа членки на ЕУ.

Кого треба да го казниме кога ќе треба да ги цениме и вреднуваме политиките кои ни се нудат?

Тие што ни ги уништуваат перспективите, тие што никогаш не покажаа одговорност како политички субјект, кога станувало збор за геостратешките интереси на сопствената држава.

Или ќе ги казниме тие што (и покрај сите слабости) ни ги отворија ЕУ перспективите, тие што ни обезбедија безбедносен чадор (НАТО), тие што по цена на губење на рејтинг ги направија нужните компромиси. Компромиси без кој нема прогрес и одење напред.

Е, па драги мои, секој од нас ќе биде исправен пред одлука како понатаму.

Една работа знам. Оваа држава тешко дека ќе има сила ЗА нови „шарени револуции“, кои повторно ќе треба да рушат некој нов авторитарен груевизам!

Некој рекол: „Слободата тешко се стекнува, а може лесно да се изгуби!“

Луѓето во суштина ја сакаат слободата, ама очигледно не ја вреднуваат доволно.

При тоа, забораваат една клучна работа. Само во слободно и демократско општество имаме слобода на критика која произведува прогресивни процеси.

Авторитарно владеење тоа не го дозволува. Сите имавме прилика тоа да го почувствуваме. И да ги видиме последиците од такво владеење.

Ако блокадата која ни се прави, не е доволна причина граѓаните на оваа држава, да се определат што треба да поддржат во периодот што следи. Тогаш, мислам дека се губи смислата на борбата за подобро утре. Горд сум што бев дел од една револуција која што успеа да сруши режим. Револуција која ни донесе слобода, демократија, основни постулати без кои не е можно да имаме еволуција во општествените состојби. Во која ќе еволуираме сите ние во своите ставови и погледи на начинот на кој што треба да функционираме како луѓе и држава. И преку таквото имплементирање на вредности  да ги реализираме посакуваните општествени состојби.

Алтернативата на сегашниве политики е неизвесност, ретроградни процеси, повторно вртење во круг и вовед во политичка криза и нестабилност! Губење на надеж за живот во држава со перспективи. Држава која ќе има шанси да ги реши системските слабости кои оправдано се предмет на критичка опсервација.

Но, надвор од процес на преговори со ЕУ, нема теоретска шанса тие да се решаваат. Имајте го тоа на ум! Всушност, минативе триесеттина години покажаа дека самите не сме кадарни да ги решиме постоечките слабости.

Ќе завршам со следново. Дали во периодов што следи ќе казниме за злочинот кој ни се прави или ќе се самоказниме со поддршката на тие што го прават злочинот кон сопствената држава и народ, ќе ни ја определи иднината на сите нас!


Специјално за ФРОНТЛАЈН. Текстот е личен став на Авторот. 
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

ВЕСТИ August 8, 2025

Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (ЕМФА) денеска стапи на сила, а…

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.