НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како да се избегне заразата на лудилото и колективното бунило

0
By Marta Pesevska on January 14, 2024 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Единствено фанатиците можат својот живот да го ценат само ако и служи на некаква колективна работа; ако се спротивставиме на подредувањето на поединецот на колективот, значи дека сме почнале да одбиваме нашата судбина да се подредува на текот на историјата. За да се решиме на таков напор на критичката анализа, доволно е да се сфати дека таквиот напор на оној што ќе го преземе, ќе му овозможи да ја избегне заразата на лудилото и колективното бунило, обновувајќи ги за своја сметка, општествениот идеал и исконската спогодба на духот со вселената.”

Симон Веј, која е автор на оваа длабока поента од 1934 година, нормално, немала допир со македонското искуство во кое заразата на лудилото и колективното бунило не е само последица на подредување на поединецот на колективните илузии, туку е свесно предизвикан и одбран инструмент за растурање на општествениот идеал, на општеството и на нацијата, посебно. Лудоста и бунилото тука се идеја која успешно се реализира како единствен пример во историјата на светската цивилизација.

Цвеќе кое се негува како орхидеја.

Кога би имала увид во македонското искуство нејзината анализа секако дека би била збогатена со саморазорувачките импулси и состојби кај Македонците, збогатени со радоста дека самоубиството ќе им овозможи да се качат во опашката на најубавата комета.

Поголемиот дел од населението се држи за штиците на нормалноста од распаднатиот брод, но нема сила и идеја како да им се спротивстави на вирусите на лудилото. Нивните морализирања се убави за пред Господ, но животот бара нешто повеќе. Прво, свест за природата на болеста, за начините на кои се пренесува и шири, за симптомите и последиците и на крајот за вакцините на политиката, културата и безбедноста и лековите со кои може да се сузбие.

За почеток е многу важно да се согласиме дека болеста се вика вмро-дпмне, дека е смртоносна и лесно пренослива и дека ги убива сите, без разлика на партиската припадност или симпатизерство и на крајот, кога нема кого да убива, се убива самата.

Вирусот на вмро-дпмне ќе умре од глад кога повеќе нема да има Македонци за храна.

Се разбира дека не сме заинтересирани за таква победа над болеста.

Сте забележале ли дека постојано нѐ повикуваат да се откажеме од полноќата и автентичноста на индивидуалното постоење, не поради некоја друга автентичност и сила, туку поради непотполното постоење на колективот кој не можеше ништо да постигне затоа што беше жигосан со недоволност (ВГ).

Македонската недоволност има многу елементи, но од сите агли погледната, во неа доминира вмро.

Вмро е дефиниција на македонската недоволност и импотенција.

Со вмро станавме болни од анахронизам, тежок анахронизам, со вмро не можеме да водиме никаква надворешна политика, ниту внатрешна, ниту медиумска, ништо освен нешто како чиста, континуирана, свесна, системска и систематска, тотална, би рекол, деструкција.

Гомбрович би рекол дека бевме доволно значајни за да ни посветат максимално внимание и да нѐ поканат да преговараме за влез во Европската унија, со сите попусти, но, истовремено, бевме доволно мали, глупави и задавени во челуста на вмро, за да го одбиеме тој повик.

Тоа ја роди оваа атмосфера на нестварност, на фушерај, на гротеска како марка на нашиот бофл.

Загубен е допирот со стварниот живот.

Вмро е, реков, израз на нашата импотенција во однос на валканоста која ја произведува и која останува да нѐ јаде во Македонија како селска куќичка, во селските дворови без нужник.

Од македонскиот дух остана само неговиот сопствен сос во кој можеме да се јадеме себе си.

Одвратните коментари по повод смртта на младиот Мукоски (19), напишав пред некој ден на фб, се резултат на (анти)културата што ја инсталира вмро-дпмне како политичка база. Јас и мојата фамилија имаме три танкери такви и уште поодвратни коментари и сите секогаш ја погодуваат вморонската нота по прашањето за кое нешто сум напишал. Како стиснат клавиш од кој антикултурата на злото не го крева прстот. Тоа е болеста што нѐ убива. Тој феномен, кој ја загрозува Македонија, мора отворено да се адресира, без да се морализира и префрла на тенките врски на лудаците со црквата, верата и со Господ. Толерантноста кон вмро-дпмне е убава платформа за „безгрешно“ убиство на нацијата со помош на расправата: „а тие како правеа“, „кој ни го смени името“, „кој ни го продаде идентитетот“ и слични тралалајки на кои се навлекува народот. Во демократијата како амбиент и контекст. Сите се виновни за нешто, но за културата на злото како чиста категорија, како извор и манифестација на болеста, како лилјак од кој е пренесена кај македонското население – само вмро. И како сегашност и како минато, а можеби и како иднина.

Кратка и агонична иднина.

Тоа се тие симптоми на болеста.

„Ако моралната смисла на светот е недостижна, тогаш ќе се правам глуп!“

Така резонираат не мал број граѓани.

Така се зголемуваат шансите да останеме на првото место во светот по глупоќа, затоа што на природните  глупаци им се придружуваат оние кои се прават глупави од морални причини.

Хахаха!

На првите ќе им кажам нешто во некоја друга прилика, во оваа сакам на вторите да им кажам дека тие поаѓаат од светот, од неговата состојба и критериуми, кои, во случајот им ги наметнува вмро и неговите сателити во безмалку сите медиуми, а не од себе, што значи дека нивниот протест престанува да биде протест и се претвора во опортунизам, а нивната глупоќа ја губи својата извештаченост и инструменталност и добива јасни елементи на природност.

Јас им препорачувам да поаѓаат од себе и како такви да влезат и да се обидат да го менуваат светот или да седат на некоја дистанца со сиот свој интегритет, а не да му се прилагодуваат на светот на вмро кој не може да ја достигне моралните смисла.

Леонардо Ди Каприо викаше во едно кратко интервју дека главни белези на епохата се опортунизмот и алчноста. И дека додека не ги надминеме нема да можеме да одиме напред.

Ќе завршам со Симон Вејл:

„Да се замислува дека историјата можеме да ја насочиме во сосема друг правец (Коцарев, Ќулафкова, Мицко, на еден крајно прост начин, својствен на неговата поткапациитираност) така што со реформи и револуции ќе го преобразиме системот – значи будни да сонуваме.

На ништо не можеме да се потпреме.

Системот сам ги создава своите гробари (Маркс).

Невозможноста да се  воспостави однос меѓу она што се дава и она што се прима, ја уби смислата за добра работа, чувството на одговорност, предизвикува пасивност, препуштање, навика сѐ да се очекува од надвор, од верата во чудата.

Неправедно е да се каже дека фашизмот ја уништува слободата на мислењето, всушност отсуството на мислење овозможува да се наметнат опасни доктрини кои успеваат да ја зголемат општата глупавост.“

Македонија е страшен пример, бидејќи тука отсуството на мислење овозможува да е жива и дејствителна идејата од митот за вмро да се направи политички концепт како македонска форма на фашизмот.

„Најпрво би требало да се изработи нешто како карта на општествениот живот, карта на која би биле означени точките на кои е неопходно користење на мислите, а потоа, ако така може да се каже, зоните на влијанието на поединецот врз општеството.“ (СВ)

Тоа може да биде еден од условите за елиминација на вмро од свеста на луѓето, за детоксикација на Македонците. Ако на претстојните избори ја пропуштиме таа шанса, тогаш не морате да чекате за пасош и лична карта.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани. ФРОНТЛАЈН / FRONTLINE
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

ВЕСТИ August 8, 2025

Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (ЕМФА) денеска стапи на сила, а…

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.