НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мили: Поддршката за Украина и поразот на Путин е во интерес на Европа и САД

0
By Ана Василевска on January 16, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународната поддршка за Украина, со цел ефикасно да се спротивстави на руската агресија, ги задоволува интересите не само на самата украинска нација, туку и на Европа и на САД, изјави на Светскиот економски форум во Давос поранешниот началник на Генералштабот на Вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.

– Верувам дека апсолутно е во интерес на САД и Европа, а не само на Украина, да се обезбеди победа во оваа војна. Затоа што тоа е многу посериозен проблем, рече Мили, пренесува Укринформ.

Според него, за Украина руската војна е егзистенцијална закана, бидејќи се работи за опстанок на земјата, а за Европа е најголемата војна од 1945 година.

– Но, би рекол дека вистинската закана е за меѓународниот поредок кој беше воспоставен во 1945 година како резултат на Втората светска војна, потенцира поранешниот висок генерал.

САД со децении се залагаат за меѓународен поредок, рече Мили, и порача дека затоа е неопходно да се осигура дека агресорот, Русија, ќе биде поразен во војната што самата ја почна.

– Верувам дека поддршката за Украина од Европа, САД и меѓународната заедница е исклучително важна. Ова вклучува воена поддршка, финансиска поддршка, санкции, дипломатска поддршка и многу повеќе. Но, многу е важно (рускиот претседател Владимир) Путин да не успее, нагласи Мили.

На првиот ден од Светскиот економски форум во Швајцарија, Украинската куќа во Давос беше домаќин на тематски дискусии посветени на консолидација на меѓународната поддршка за Украина.

Володимир Зеленски Марк Мили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.