Заедничката спасувачка акција помеѓу Италија и Грција трае повеќе од 24 часа кои се обидуваат да ги извлечат преостанатите патници од бродот „Норман Атлантик“ на кој вчера пловејќи кон Италија изби силен пожар ставајќи ги во ризик животите на 478 патници.
Спасувањето е отежнато поради лошите временски услови кои не дозволуваат акциите да се одвиваат по воден пат па спасувачките екипи приморани се да му пристапат на запалениот брод со хеликоптери.
Како што пишуваат странските медиумите, во текот на ноќта уште еден патник го загубил животот додека се обидувал да се спаси заедно со неговата сопруга.
Информациите на светските медиуми говорат дека најмалку четворица се повредени.
Од „Норман Атлантик“ до сега спасени се 251 патник и членови на екипажот.
Несреќата на Норман Атлантик настана откако пред еден ден на бродот избувна силен пожар, додека крстарел од Патра преку Игуменица кон Анкона. Причините за пожарот не се познати.




