Published: Monday, December 29, 2014 14:37
Поштенските услуги на Gmail на Google се блокирани во Кина од тамошните власти, јавува Ројтерс.
Според претставник на организацијата за човекови права „GreatFire“ ова е уште еден обид на Владата на Кина да го избрка Google од земјата.
Според претставникот на организацијата оваа мерка на властите ги принудува корисниците да бараат други поштенски услуги.
Имено Кина го има блокирано пристапот до социјалната мрежа „Instagram“ а кинеските власти веќе имаат ставено забрана за користење на Windows 8 во државните институции.




