Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филхармонијата со „Почеток“ го отвора вториот дел од концертната сезона, солист е кларинетистот Здравко Ангелов

0
By Marija Todorovska on January 18, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 18, 2024 09:32

„Почеток“ е насловен концертот на Филхармонијата вечер од 20 часот со кој ќе биде отворен вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“. Како солист ќе настапи кларинетистот Здравко Ангелов, а оркестарот ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија.

На програмата се симфониската поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од рускиот композитор Модест Мусоргски. Премиерно ќе биде изведена и Сонатата бр. 1 за кларинет и симфониски оркестар од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио.

Здравко Ангелов (1978, Струмица) 11 години е вработен како прв кларинетист на Македонската филхармонија. Претходно работел во Државното музичко училиште во Скопје и бил  надворешен соработник на Македонската опера и балет.  Учествувал на значајни фестивали и концерти и е носител на бројни награди и признанија.

-Исклучителната музикалност и посветеност на Ангелов е препознаена од многу светски имиња кои сведочат за прекрасната атмосфера која тој ја создава музицирајќи. Настапува под палката на исклучителни диригенти, како Борјан Цанев, Саша Николовски-Ѓумар, Даниел Рајскин, Урош Лајовиц, Јерухам Шаровски, Владимир Ашкенази, Јануш Пшибилски, Антон Нанут, Пол Меер, Емил Табаков и многу други светски познати диригенти, наведува Филхармонијата.

Италијанскиот диригент Алфонсо Скарано, кој вечер ќе го води оркестарот на Филхармонијата,  веќе седма сезона е шеф-диригент на Тајландскиот филхармониски оркестар, откако работел како гостин диригент шест сезони, од 2011/2012.

Покрај неговата работна позиција во Бангкок, Скарано редовно диригира со оркестарот на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, „Оркестро симфоника“ во Бразил, со Рускиот симфониски оркестар во Москва, Државниот оркестар во Истанбул, Киевскиот симфониски оркестар на Националната радио и телевизија, Прашката филхармонија.

Соработувал со врвни инструменталисти, диригирал и оперски репертоар, поддржувач и промотор е  на современата музика, диригирал повеќе праизведби на дела од Наронг Прангкаорен, Герхард Кофман, Симон Лакс, Паоло Уголети, Роберто ди Марино, Фредерик Остерлинг, Колин Рајли… Покрај класичните балети („Лебедово езеро“, „Дон Кихот“ и „Рајмонда“), Скарано, исто така, е фокусиран и на современ балет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.