На геополитички план имаме судир за тоа каков свет сакаме да проектираме: униполарен, биполарен, мултиполарен. Од тоа ќе зависат идните глобални движења па, би рекол, и идниот меѓународен поредок. Сега удирот по сите основи е силен, без пардон, со употреба на сета расположива моќ на актерите, но најнеприфатливо беше работите да се расчистуваат со војни на кои не им се гледа крајот, вели професор д-р Трајан Гоцевски, член на Советот за безбедност на Република еверна Македонија во интервјуто за Цивил медиа, а по повод 20 години по Самитот ЕУ – Западен Балкан.
Тоа треба да не загрижува сите. Според мене, светот, вклучително и Европа, влегоа во нова ера во која што сегашната економска политичка и безбедносна архитектура е разнишата во самата основа па се соочуваме и со голем безбедносен предизвик. Оваа состојба е подеднакво бесмислена и опасна за безбедносниот поредок денес исто толку колку што била и пред речиси еден век, додава Гоцевски.
Извор: Цивил Медиа