Пронајдените остатоци забележани утрово кај островот Борнео се од исчезнатиот авион AirAsia кој исчезна викендот, потврди Џоко Мурјатмоџо, директор на Агенцијата за воздухопловство на Индонезија.
– Може да се потврди дека тоа е авионот на AirAsia. Се очекува министерот за транспорт и врски наскоро да пристигне во Пангкалан Бун, изјави тој, пренесува агенцијата АФП.
Пронајдени се врати, тобоган за принудно напуштање на авионот, чамец, багаж и појаси за спасување.
Шест безживотни тела се пронајдени во Јаванското море, во близина на местото каде што авионот изгубил контакт со котролорите. Телата, на кои немало спасувачки појаси, се извлечени од вода и се наоѓаат на брод на морнарицата на Индонезија.
Телата и остатоците се пронајдени на оддалеченост од 160 километри југозападно од Пангкалан Бун, град во Централен Калимантан, на островот Борнео.
Авинот исчезна во неделата со 162 патници и членови на екипажот на летот QZ8501 од Сурбаја, Индонезија до Сингапур.
За сега нема информации дека има преживеани. Во потрагата учествуваат 30 пловни објекти, 15 авиони и седум хеликоптери од Индонезија, Сингапур, Малезија и Австралија.




