НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

0
By Marija Todorovska on January 22, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните на Северна Македонија ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго. Ќе зависи од граѓаните да одлучат. САД сакаат да ја видат Северна Македонија да стане дел од ЕУ што е можно побрзо, порача помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, по состанокот на лидерите од Западен Балкан, посветен на Планот за раст на ЕУ.

– Ние, како САД, сметаме дека е во наш интерес да се задоволат интересите на граѓаните на Западен Балкан и младите да имаат поблиска интеграција со Европа. Затоа, ми одговора што сум тука неделава во Скопје, со премиерот на неговата последна меѓународна средба во овој мандат, но ве уверуваме дека Северна Македонија и САД ќе продолжат да работат заедно на траекторијата на земјата кон Европа. Луѓето на оваа земја ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго. Ќе зависи од граѓаните да одлучат. Од гледна точка на САД, ние сакаме да ја видиме Северна Македонија да стане дел од ЕУ што е можно побрзо, изјави О’Брајaн.

Прашан за постоењето на „нон пејпер“ на албанските политички партии со кој ќе се обвразат да не коалициираат со партија што во следните шест месеци по изборите нема да спроведе уставни измени, О’Брајaн рече дека не знае ништо за тоа.

-Останувам на тоа што го кажав во ноември, а и тоа што го кажав денес. Сметаме дека зависи од граѓаните на Северна Македонија да решаваат за патот понатаму. Сметам дека една партија предлага пат напред и прифаќа критики затоа што на некои луѓе им се допаѓа или не им се допаѓа таа насока. Друга партија ветува дека ќе смисли начин со којшто ќе се придвижат напред и мислам дека е правично граѓаните на државата да ја прашат таа партија за овој нон пејпер и тие да одлучат помеѓу визијата што ја знаат и помеѓу она што се дава како ветување, изјави О’Брајaн.

избори Џејмс О'Брајан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.