Патувајќи од Турција кон Хрватска, патнички брод испратил СОС сигнал близу грчкиот остров Крф под сомнение дека на него се наоѓаат вооружени луѓе, јавуваат грчките медиуми.
Според грчкото Министерство за поморски сообраќај, сомнежите се дека на бродот кој плови под знаме на Молдавија се наоѓаат илегални мигранти, јавува Ројтерс.
Од Крф два хеликоптера се веќе испратени на подрачјето каде се наоѓа бродот. Одредени медиуми соопштуваат дека на бродот можно е да се наоѓаат сириски мигранти.
Според програмскиот директор во Хуманитарниот центар за поморска пиратерија, Рој Пол, можно е да се работи за киднапирање.
– Ова е потполни различна ситауција. Досега со киднапирања се соочувавме околу Сомалија, а ова се европски води и тука е потполно различно, изјави Пол.
Доколку бродот навистина се пренасочил кон Италија, тогаш тој верува дека италијанските сили ќе ги пресретнат.
За сега не е познато колкав е бројот на патници на бродот и во која состојба се.




