Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Величковски: ВМРО-ДПМНЕ со одбивањето да гласа за техничката влада остава простор да ги оспори изборниот исход – политичко мнозинство што ќе ги отвори преговорите

0
By Marija Todorovska on January 24, 2024 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 24, 2024 12:46

„Спречувањето злоупотреба на државни ресурси во партиски цели беше причината за воспоставување на концептот на техничка влада пред избори. Одбивањето да се идентификуваат и учествуваат во таква влада гласајќи ја сосе премиер, затоа, не може да се толкува поинаку од обично оставање простор повторно етно-партиски да оспорат изборен исход од значење за нацијата – политичко  мнозинство што ќе ги отвори европските преговори низ изгласување на потребните уставни дополнувања“ пишува Ивон Величковски на Фејсбук.

Тој додава дека има повторувања и сличности на ситуацијата денес и во 1994 година, кога ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотираше изборите.

„На тие избори ВМРО-ДПМНЕ отиде како опозициска партија, бидејќи 1990/91 одби да прави влада со партии на Албанците, а од 1993 ‘го бранеше идентитетот’ отфрлајќи го референтното име со кое Македонија стана членка на ОН и низ  Времената спогодба ги уреди односите со Грција и излезе од ембарго. Оспорувајќи ги и потоа бојкотирајќи ги, ВМРО-ДПМНЕ се исклучи од значајните процеси во земјата, од приватизацијата до фаќањето чекор со Агендата 2000“ пишува Величковски.

Сепак, додава тој, по Кичевскиот конгрес во 1996 година, ВМРО-ДПМНЕ ги прифати и ПЈРМ и Времената спогодба и приватизацијата со сите следствени општествени, политички и економски последици, како што се одвојувањето на Македонија од Словенија со што беше изоставена од првиот бран проширување на НАТО и ЕУ и останувањето на Македонија во зоната на „Српскот свет“ на Милошевиќ, поради што се случи 2001.

„Северна Македонија дури по 20 години излезе од трауматичниот застој. Со силни (домашни, регионални, континентални и меѓународни) напори низ Рамковниот договор, Тиранската платформа, Софискиот и Преспанскиот договор. Со нив дојде до посакуваното: граѓанска држава каде Македонците ја остваруваат својата конститутивност во земја – членка на НАТО, со уште една цел: полноправно членство во ЕУ“ пишува Величковски.

Тој додава дека денес ВМРО-ДПМНЕ во основа одбива да гласа за премиер на техничка влада – Албанец и пак го „брани идентитетот“ отфрлајќи го (Протоколот по) Софискиот договор со кој Северна Македонија треба да почне преговори за членство во ЕУ.

„Препознавајќи ги сличностите на обидот  Северна Македонија да остане во туѓа зона на (анти-западно влијание) корисно е да се потсети и дека ВМРО-ДПМНЕ на 27 април 2017 проба да спречи политичко мнозинство според волјата на граѓаните за европски и евроатлантски правец на државата. Тој вид мнозинство е спротивен на концептот на двопартиска кохабитација низ окупација на етничката претставеност. Спречувањето злоупотреба на државни ресурси во партиски цели беше причината за воспоставување на концептот на техничка влада пред избори“ пишува Величковски.

Величковски ВМРО ДПМНЕ Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.