НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Клиниката за хематологија отворен Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки

0
By Marija Todorovska on January 25, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Универзитетската клиника за хематологија од денеска ќе биде пуштен во употреба новоизградениот Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки. Центарот има модерна медицинска опрема со која може да се третираат 120 нови пациенти годишно.

Сместен е на целосно нов кат на површина од 800 м2, и е донација од Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со еден милион евра. Останатите средства се обезбедени од ФЗО со поддршка од Министерството за здравство и Владата.

Директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис информираше дека станува збор за регионален Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки кој освен осигурениците на Северна Македонија, има капацитет да лекува и пациенти од Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, земји каде што овие интервенции уште не се достапни.-Ова е една од најважните инвестиции во јавното здравство во последните години. Со отворање на овој Центар за трансплатација на хематопоетски матични клетки, на нашата Клиника се воведуваат највисоки светски стандарди за лекување на една од најтешките хематолошки заболувања. Трансплантација на хематопоетски матични клетки претставува најсложена биолошка интервенција, при која клетките на пациентот се заменуваат со матични клетки на здрав донор, со што може да се излекуваат најтешките малигни хематолошки заболувања, рече Пановска Ставридис за време на свеченото отворање на Центарот.

Како што посочи, за потребите на овој Центар се планираат и 30 нови вработувања на медицински кадар.

Таа информираше дека од 2018 година до денес извршени се вкупно 320 трансплантации. Од денес, посочи, оваа бројка очекуваат да се зголеми за двојно повеќе трансплантации во следните неколку години.

Министерот за здравство Фатмир Меџити во своето обраќање рече дека годишно ќе бидат лекувани најмалку 50 до 60 пациенти од земјава и10 до 15 лица од соседните земји, кои до сега установата немала простор и капацитет да ги прифати.-Со оваа значајна инвестиција го означуваме почетокот на работа на ова ново Одделение, со што за пациентите обезбедуваме услови за лекување како што нудат најсовремените центри од ваков вид во светот. Новиот капацитет заедно со поставените најсовремени методи за лекување и медицинска грижа, овозможува Клиниката да служи не само на јавното здравство, туку истовремено го етаблира на врвот на најзначајните центри за лекување на хематолошки болести во регионот, додаде Меџити.

Првиот заменик претседател на Владата Артан Груби рече дека приоритет на новата Влада по 8 мај треба да биде изградбата на новиот Клинички центар, затоа што, како што рече, тоа е еминентна потреба на граѓаните.

-Овој проект е потврда дека сѐ што добиваме од Русија се проблеми и провокации, а сѐ што добиваме од владата на Америка е поддршка за нашите европски аспирации, додаде Груби.Министерката за одбрана Славјанка Петровска посочи дека денешниот настан покажува дека сојузништвото и стратешкото партнерство со САД ги надминува сите граници и ја покажа својата хуманитарна димензија.

На новинарско прашање колку донори има во земјава и колкав е интересот, директорката Пановска Ставридис посочи дека ентузијазмот на нашите граѓани не е голем за да се запишат во  регистарот.

Таа информираше дека во Хрватска има околу 70 илјади, но во нашата држава има само пет илјади доброволни дарители.

-Мислам дека ни треба медиумска поддршка. Имаше кампања „Биди херој, биди срцевина“ и дури и во времето на ковид со медиумската помош оваа кампања одеше напред, меѓутоа таа мора да заживее. Апелирам до граѓаните да се запишуваат. Оваа година имавме две донации – македонски граѓани им спасија живот на македонки, кои не се знаеја меѓу себе и не беа роднини. Едната беше докторка, другата пациентка која што се пријавила за братот кој бил болен, за да ја типизираат. Меѓутоа, таа не била идентична со братот а испадна идентична со друг пациент. Тие два пациенти се во добра здравствена состојба, рече Пановска Ставридис.

Во однос на ова прашање, министерот Меџити посочи дека разговарал со неколку поглавари на верски заедници со цел подигнување на свеста за донирање.

– Ова ни е многу важно и затоа се надевам дека во иднина ќе ги повикаме сите поглавари на верските заедници заедно со новинарите и медиумите и ќе седнеме да разговараме како да ја подигнеме свеста на граѓаните и да се избориме, да спасиме живот преку ваков хуман чин, додаде Меџити.

 

 

Груби Клиника за гематологија Фатмир Меџити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.