НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ воведува нови правила за заштита на озонската обвивка, вклучително и забрана на гасови со флуор

0
By Marija Todorovska on January 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на ЕУ денеска усвои две регулативи со кои се предвидува постепена забрана на емисиите на гасови што содржат флуор, како флуоројаглеводородите, перфлуоројаглеродите и сулфур хексафлуоридот, но и на другите супстанции кои придонесуваат за глобалното затоплување и ја осиромашуваат озонската обвивка.

Иако постојното законодавство на ЕУ, веќе значително ја ограничи употребата на овие гасови и супстанции, новите правила дополнително ќе ги намалат нивните емисии во атмосферата и ќе придонесат за ограничување на растот на глобалната температура, согласно обврските од Парискиот договор за климата.

Според министерот за животна средина, клима, хигиена, енергија и партиципативна демократија во Владата на Регионот Брисел, Ален Марон, многу производи што ги користиме во секојдневниот живот, како фрижидерите или клима уредите, работат благодарение на „исклучително штетни материи кои ја поткопуваат животна средина“.

– Новите правила што ги усвоиме воведуваат јасни забрани и ограничувања за таквите штетни материи, истовремено поттикнувајќи го развојот на одржливи алтернативи за заштита на здравјето на луѓето, изјави Марон.

Тој воедно им се заблагодари на претходните претседавачи со ЕУ, Чешка, Шведска и Шпанија, за, како што рече, нивната непроценлива работа за усогласување на оваа клучна легислатива, чија цел е „да ја доближат ЕУ до постигнување на нејзините амбициозни климатски цели“.

Со првата Регулатива се предвидува етапно воведување на целосна забрана на користењето на гасовите на база на флуор до 2050 година во фрижидерите, клима уредите, топлинските пумпи, среднонапонските и високонапонските разводни уреди, пените и аеросолите.

Регулативата исто така предвидува и одредување на ефикасни, технички изводливи и доволно достапни алтернативи за замена гасовите со флуор до 1 јануари 2030 година, по што до 2040-та Европската комисијата треба изврши оценка на изводливоста на целта за целосна забрана на овие супстанци до 2050 година.

Втората регулатива предвидува речиси целосна забрана за користење на супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка, со строго ограничени исклучоци, како што се процесни агенси, при лабораториски услови и за заштита од пожари на воена опрема и авиони.

Двете регулативи ќе стапат во сила 20 дена по објавување во Службениот весник на ЕУ.

ЕУ Озонска обвивка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.