На листата добитници на почесна титула кои ги доделува британската кралица Елизабета Втора, по повод Новата Година, се најдоа британските глумци Кристин Скот Томас, Џоан Колинс и Џон Херт.
На објавената листа која вечерва беше oбјавена се најдоа 1.164 лица кои биле предложени од здруженијата на граѓани и британската Влада. Покрај личности од светот на уметноста, спортот и политиката, почесна титула добиле и лица кои не и се познати на пошироката јавност, но имаат допринос во британското општество.
Меѓу оние на кои им е доделена титулата е и авторот на овогодинешната инсталација составена од 888.246 црвени керамички афиони во знак на сеќавање на борците кои паднале како жртви во Првата светска војна. Признание и е доделено и на жената која прва ја креирала мини сукњата, 80 годишната Мери Кант.
Кралицата, два пати во годината, доделува почесни титули, за Нова година и за својот роденден кој Британците официјално го слават во јуни.




