Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборот на Џафери придонес и за зголемување на меѓусебната доверба меѓу етничките заедници

0
By Marija Todorovska on January 29, 2024 ПОЛИТИКА, СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 29, 2024 14:47

„Техничката влада предводена од техничкиот премиер, покрај тоа што ќе треба да го продолжи истиот политички курс што го следеше Владата предводена од Димитар Ковачевски, треба да и обезбеди на земјата фер, демократски и кредибилни избори според меѓународни стандарди“, овие се очекувањата на политичките аналитичари со кои разговараше „Фронтлајн“ од три месечниот мандат на Талат Џафер и неговиот технички кабинет.

 

– Не се очекува ништо ново освен задржување на истиот курс која ја имаше владата на Ковачевски и секако дека очекуваме идржување на фер и демократски избори а предуслов за тоа ќе биде изборот на членот на опозицијата во ДИК инаку во спротивно ќе се даде лоша порака и можност за оспорување на изборниот процес. Компетенциите на оваа техничка влада се лимитирани но и оваа тело е орган кој одлуките ги донесува во седниците на истата со внатре коалициски преговори и договори но сепак крупни чекори не се очекуваат поради изборите кои веќе се толку блиску до нас, вели за „Фронтлајн“ – претседателот на НВО „Пулсот на Демократијата“ – Енвер Салихи.

Сметам, додава тој, дека изборот на Талат Џафери е еден добар статистички показател за тоа дека во клучни позиции е можно да има и лица кои не се од македонска етничка заедница кое ќе придонесе за понатамошно зголемување на меѓусебната доверба меѓу етничките заедници во Северна Македонија.

И универзитетската професорка Ана Чупеска оценува дека техничката влада треба да обезбеди кредибилни избори и изборите и сè што е неопходно за функционирањето на институциите и безбедност на земјата.

– Техничката Владата има должност да ја обезбеди кредибилноста на изборите и сè што е неопходно за функционирањето на институциите и безбедност на земјата. Во таа смисла да осигура дека сите тековни работи на егзекутивата ќе се одвиваат во најдобар ред, изјави Чупеска за „Фронтлајн“.

Техничкиот премиер на Северна Македонија, Талат Џафери, по стапувањето на функцијата, рече дека Уставот и законот ќе бидат основа врз која ќе ја заснова секоја одлука на Владата. Тој изјави дека примарна задача на оваа влада е подготовка, организација и спроведување на слободни, фер и демократски избори.

– Несомнено дека примарната задача на оваа Влада е подготовката и организирањето на слободни и фер демократски избори во директна отворена и законита процедура и соработка со Собранието. Затоа Владата ќе ги спроведе сите законски предуслови со Мисијата на ОБСЕ, ОДИХР, со ДИК, ЕУ и САД ќе ги споведе сите оперативни предуслови со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во изборната кампања и самите избори со цел да се одржат избори со целосен легитимитет на изборната волја на граѓаните, рече Џафери.

Тој најави одржување и унапредување на стратешкото партнерство со ЕУ, НАТО и САД, како стратешки цели поддржани од независноста на државата, а особено во актуелниот геостратешки момент.

На 8 мај, покрај за парламентарни, ќе се гласа и за втор круг од претседателските избори. Првиот круг од трката за шеф на државата, пак, ќе се одржи на 24 април.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

избори Талат Џафери Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.